Со секојдневно туширање и користење на средства против потење се бориме против овој проблем, но постојат и помалку агресивни методи – здрава исхрана. Ние направивме листа на намириници кои помагаат во тоа.
Телото на здрава, возрасна личност не би требало да лачи повеќе од 400 ml пот дневно. Но, кај некои луѓе работите излегуваат од ’нормала‘. Преку потењето, тие лачат и по литро течност дневно, објаснува Мејк Ремзи во книгата „Престанете да се потите и почнете да живеете: Практичен водич за крај на вашите проблеми со потењето“. Во вакви случаи би требало да се обратите кај доктор, кој што би требало да ги утврди причините за настанатиот проблем. Истовремено е мудро да се следат некои насоки за начин на исхрана.
Храна која го намалува потењето:
1. Избегнувајте преработени јаглехидрати. Јадете јаглехидрати со поголема количина влакна и хранливи материи – значи, сирење во овошје и зеленчук, како и интегрални тестенини и брашно.
2. Млекото да биде со што помалку масти.
3. Намалете го внесувањето на сол. Лимит кој што се препорачува е до 4 грама дневно.
4. Јадете храна богата со калциум. Телото ќе ви биде поздраво и помалку ќе се поти.
5. Посебно во текот на летните месеци, избегнувајте го кромидот и лукот. Во месото слободно може да додавате рендана јаболка.
6. Избегнувајте маргарин, поголеми количини маслец, масло од сончоглед и пченка. Храната гответе ја и подготвувајте ја на маслиново масло.
7. Пијте билни чаеви во што поголеми количини. Индиската билка Неем е многу делотворна во редуцирањето на потењето. Од домашните растенија добра е жалфијата, затоа секојдневно пијте чај од жалфија.