Реклама
Нега и здравје

Краток водич за подобро здравје

Реклама

Имате главоболка? Ве мачи лошо расположение? Карина Стјуард, која има диплома по традиционална кинеска медицина, има начин и методи до брзи и лесни начини на ’лекување‘, со кои ќе ги средите сите проблеми со здравјето кои ве мачат…

Висок крвен притисок

Маркетинг

Одржете оптимална телесна тежина со балансирана диета, поставете ги оброците во точно определено време и вежбајте на дневна база. Практицирајте медитација (или било каква стратегија за справување со неврози и изливи на бес и гнев). Конзистентноста е главен фактор за успех во ова сценарио, затоа секојдневно одвојувајте време за овие работи.

Во својата диета, обезбедете присуство на 1 000 mg. калциум, 500mg. магнезиум два пати на ден и 2 000 mg. од состојката “omega 3”, два или три пати на ден.

Маркетинг

alt 

Главоболки

Магнезиумот е мускулен релаксант и бидејќи главоболките честопати се предизвикани од тензија на телото, 500 mg. три пати дневно ќе ви помогнат доколку чувствувате стрес. Самите главоболки доста често се последица на дехидрација, па затоа би било добро и пожелно да избегнувате алкохолни пијалоци и кафе и консумирајте минерална или филтрирана вода најмалку по литри и половина и повеќе доколку вежбате.

Мигрени

Како надополнување на пододделот за справување со главоболки, исто така може да се обидете и со:

Детокцикација – еднаш или два пати годишно. Прочистувањето на црниот дроб може да ве ослободи од многу мигрени. После процесот на детоксикација, следи добар период за детектирање на осетливоста на храна. Обидете се да елиминирате некои продукти (најдобро во консултација со нутриционист) и ќе видите дека најверојатно добар дел од нив имале свој придонес во главоболките.

Јадете редовно за да го задржите стабилен крвниот притисок. Ова значи целокупна промена на диетата со многу зеленчук, житарици, овошје и квалитетни протеини со секој оброк. Избегнувајте јадења (посебно грицки) кои содржат прехранбена боја, адитиви и конезрванси.

alt 

Напнатост и анксиозност

Топла бања со додаток на некоја од оние соли за во бања и истите ќе ви помогнат во проблемот со болките преку тоа што ќе изладат одредени делови од мозокот, од круцијално значење за оваа проблематика.

Имајте го во предвид калциумот, како одличен снабдител до витамин Д. Обидете се со 1 000 mg. калциум хидроксипатит (calcium hydroxyapatite) навечер.

Летаргија

Избегнувајте ги искушенијата на „брзиот фикс“! Кафето и шеќерот ќе ви дадат лажно чувство на енергичност – на краток период – и уште повеќе ќе го исцрпат вашиот организам.

Јадете три пати на ден, (барем) во приближно ист период од денот и балансирајте со количината на храна. На листата со јадење задолжително имајте свежо овошје во разни бои, 100 грама протеини и некакви житарици барем еднаш во денот.

Консумирајте доволно течност, најмногу вода, сокови – и од зеленчук и од овошје.

Трудете се до појадокот да внесете голема количина (целиот спектар) на витамините Б (кои лесно ќе ги ’набавите‘).

alt 

Лошо расположение

Исхраната има огромно и кардинално влијание врз нашето расположение. Затоа мораме да се увериме дека грото од храната која ја внесуваме во организмот содржи квалитетен протеин како што е месото од мускулите, кое што секако мора да се ’декорира‘ со зеленчук и житарици!

Избегнувајте шеќер и други стимуланси како што се кофеинот, затоа што истите предизвикуваат вистински тобоган кај вашиот крвен притисок и сите останати придружни промени кои одат со тоа.

Држете понастрана од алкохолот и останатите токсични супстанци за вашиот црн дроб. Токсичното ниво на овие супстанци во организмот предизвикува раздразливост, лошо расположение и понекогаш дури и депресија. Зелените јадења ќе му помогнат на црниот дроб да се закрепне од овие токсини.

Ако лошото расположение е резултат на стрес, размислете на консумирање 500 грама магнезиум, два до три пати во текот на денот, како и Б комплекс со појадокот и 1 000 mg. од рибино масло и витамин Ц, три пати на ден. ова помага да се возобнови нервниот систем.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button