Поради неправилна исхрана и недоволна физичка активност, се проценува дека до 2030 година, поголемиот дел од жителите на планетата земја ќе биде дебели.
Др. Љубомир Фаф, најпознатиот српски нутриционист, вели дека целиот свет е ’заразен‘ од болеста на дебелеење и дека треба многу прецизно да му се објасни на светот како се решава проблемот со намалување на масното ткиво.
Прво треба да се разбие фамата за диетите, бидејќи непознавањето на принципите на правилна исхрана доведува до тоа луѓето да сметаат дека само намалувањето на количината на храна е волшебно стапче и дека тоа ја претставува целата диета. „Пред сé, дефиницијата за диета е: изменет начин на исхрана според квалитетот и квантитетот на исхраната кој мора во целост да ги задоволи енергетските потреби на еден организам.“, вели доктор Фаф и додава дека доколку некој орган е заболен, или пак целиот организам, како што е случај со дебелеењето, тогаш диетата мора да го врати тој организам во претходната состојба.
Според неговите зборови, не може да се ослаби пo некаков си волшебен пат, а пред да започнете со ригорозните диети треба да се знаете дека на енергетските потреби на еден организам влијаат следните фактори: полот на личноста, возраста, со каква работа се занимава, условите под кои и во кои ги извршува работните задачи, времетраењето на работа и – како еден од најважните фактори – моменталната здравствена состојба.
Доктор Фаф смета дека не постои универзалност и дека секоја диета не е адекватна за секого, односно тоа е индивидуална работа. Ако се троши до 1 300 калории, тоа е претежно за лице кое на работа седи, без никаква физичка активност. А за да одредиме кој што треба да јаде, мора да се одреди точен распоред според часовник и што и како да се припреми самото јадење.
„За да ослабите на здрав начин и бидете спремни за претстојната, летна сезона, потребно е да знаете дека во секоја диета мора да се наоѓаат сите видови намирници, посебно житарици, со апсолутна предност на црното, р’жен леб поради содржината на Б комплекс, млеко со масленост од 1,6 до 2,8 отсто, поради што во млечните и животинските масти се раствораат витамините Б, Е и К, кои се неопходно потребни за функционирање на секоја ќелија.“, вели доктор Фаф и додава дека е задолжително внесувањето на месо – и тоа од сите врсти – секаков зеленчук освен грашок, грав и компир, а од овошје сé освен банани и грозје.
Премини на следната страна >>