Рецепти

Пилешко со грав и сланина – од рецептите на секси Перо

Реклама
Реклама

Секси Перо, главниот готвач на нашата кујна, за денес одлучи да ни приготви пилешко со грав и сланина!

Маркетинг

Да, да.. нашиот пријател Перо, кој живее и работи во Австралија како кувар, и кој меѓу гастербајтерите е познат како Секси Перо бидејќи е фраер број еден во кујната, за денес реши да ни приготви еден многу вкусен рецепт.

Приготвување:

Маркетинг

Пилешкото се сече на 4 парчиња и се става да се вари. Гравот се чисти и се става да се вари заедно со една главица кромид. Шпагетите исто така се варат во солена вода.

Кога месото и гравот ќе бидат сварени, во нив се додаваат шпагетите, а сето тоа заедно се пржи на загреана рингла со масло, брашно и црвен пипер. Последната финеса за завршување на ова задоволство е толчењето на магдоносот, сувата свинска сланина и лукот, кои откако ќе создадат кашаста смеса се додаваат во „главниот лонец“ и се додава зачини по вкус.

За 4 порции потребно е:

 Потребни состојки:

1 Пиле
250 гр. Грав
150 гр. Шпагети
100 гр. Масло
100 гр. Сува свинска сланина
1 глава кромид
Лук по желба
1 китка магдонос
1 лажица брашно
1 лажица црвен пипер

Пријатен апетит.

Следи ги рецептите на секси Перо на Facebook »{JFBCLike url=http://facebook.com/stipka layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light float=right text-align=right}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button