Диети

Тајната за добар изглед на Северина

Реклама
Реклама

Вежба постојано, а го избегнува секојдневното шминкање…

Концертите на Северина во Белград и Ријека поминаа одлично. На 13 април таа пристига во Скопје, каде во арената Борис Трајковски ќе одржи концерт во склоп со нејзината турнеја „Добро дошао у клубу“. Инаку, на нејзините досегашни настапи можеше, меѓу другото, да се забележи дека Северина е во топ форма, иако наскоро ќе наполни 41 година. Еве што вели таа во врска со нејзиниот начин на исхрана, вежбањето, и како  успева да ја одржи убавината без ботокс и разни креми против брчки. 

Маркетинг

Северина веќе со години е една од најпознатите печајчки на балканската естрада. Во последно време беше многу актуелна и нејзината љубовна приказна со кралот на бакарот Милан, таткото на нејзиниот син Александар. И покрај тоа што неодамна стана мама, Севе брзо се врати во форма и на нејзиното фантастично тело можат да и завидуваат и многу помлади девојки од неа.

Маркетинг

Таа е висока 171 сантиметар, има 58 килограми, постојано вежба и внимава на исхраната.

Сакам да вежбам и тоа секојдневно. Вежбите што ги правам не се на справи туку на подот. Долго време вежбам на тој начин бидејќи така мускулите не се зајакнуваат, туку убаво се развлекуваат, а можам да вежбам било каде, дома, во хотелска соба или во природа. Понекогаш ја гледам фитнес емисијата на Весна Мимица и ги правам вежбите со неа дома. Нејзините вежби се супер. Таа е легенда. Порано имав и касета од Синди Крафорд, но само затоа што некои сакаа да снимам нешто слично. Со неа никогаш немам вежбано“, вели Северина во едно нејзино интервју за 24 сата.рс.

Инаку, подготовките за нејзината турнеја и пробите пред настапите се вистинска фитнес програма бидејќи таа трча и танцува по четири часа секој ден.

„Секое утро одам по половина час, јадам три пати дневно на секои 4 часа и два пати во неделата одам во теретана“.

Што се однесува до нејзиниот изглед, таа вели дека се откажала од маскарите и руменилото, како и од секојдневното шминкање. Не става ни креми за заштита од сонце, бидејќи, според неа, кожата може најдобро да се одбрани самата!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button