Реклама
Нега и здравје

Како до цврст стомак, нозе и задник без вежбање

Реклама

Со масажа и козметика не можеме да ја смениме градбата на нашето тело, но можеме да се погрижиме ткивото да биде затегнато и цврсто, што значително допринесува за убавина на телото.

Масажа со четка за душа и тело

Маркетинг

Со ракавица за масажа или четка секое утро трлајте го вашето тело со силни кружни движења. Со тоа ќе ја подигнете циркулацијата и ќе го зајакнете имуниот систем. Покрај ова со масажа на суво вие на телото ќе му ја вратите потребната енергија, кожата ќе стане значително понежна и потоа многу полесно ќе ги впива материите од препаратите за затегнување на ткивото.

Дали кремите и геловите помагаат?

Маркетинг

Секако дека масните перничиња не можете во целост да ги тргнете со крема, но антицелулитните препарати како и оние за затегнување на кожата ја подигаат циркулацијата и ги стимулираат жлездите да лачат, па со самото тоа се намалува и масното ткиво. Резултатите ќе бидат и те како видливи.

Мускулите му го даваат на телото посакуваниот облик 

Од долгото седење мускулите се опуштаат па ги заменува масното ткиво, Возењето велосипед, ролери, истегнување и чучњеви помагаат помалку да ги вратите во форма атрофираните мускули и побрзо да се разградат масните слоеви. Силните мускули се како стегачи кои на телото му ја даваат посакуваната форма. Доколку не ви е до спортување, тогаш откажете се од возењето автомобил или лифтот и обидете се што повеќе да се движите пешки.

Здрава исхрана

Целулитот и масните слоеви настануваат со конзумирање на храна која што е богата со мрснотии и шеќер, а кофеин и солта во голема мера одговараат за насобирање на теќноста во телото. Тоа не значи дека од време на време не треба да пиеме кафе, но треба да се обидеме да јадеме храна богата со баластни материјали (овошје и зеленчук)

Бањањето помага во разградувањето на масното ткиво

Жените имаат значително поеластично сврзувачко ткиво од мажите, што е особено важно за бременоста. Но, таквото ткиво е погодно за таложење на масните слоеви и собирање на вода. Масниот талог кој од телото не излезе кроз цревото или порите се таложи во поткожното ткиво, во просторот меѓу ќелиите. Освен ова, движењето на крвта низ телото од вашата половина па до колената е значително намалена, па оваа зона може многу лесно да се опусти.

Извор: Блиц.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button