Студенти од Катедрата за етнокореологија тргнуваат на турнеја низ Јапонија на 4 Февруари.
Турнејата е на Факултетот за музичка уметност при УГД – Штип и ќе трае до 21 Март.
Во тој период се очекува да бидат реализирани вкупно 30 концерти на кои ке биде претставена севкупната македонска традиција.
Секако, свој удел ке имаат традициите на посебните заедници во Македонија: Власите, Ромите, Турците, Албанците…
Преку оваа турнеја, младите студенти и уметници имаат прилика да го претстават разноликото богатство на Македонија преку нејзините ора, традиционални песни, носии, традиционални инструменти, со еден збор духовната култура на еден народ.
Како најава на турнејата што предстои беше вчерачниот концерт на студентите одржан во мултимедијалниот центар на УГД-Штип.
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .