Моника Белучи во посета во градот на Костурица, Дрвенград, што се наоѓа помеѓу Златибор и Тара.
Моника Белучи која е на посета во градот на Костурица, Дрвенград, што се наоѓа помеѓу Златибор и Тара, на тамошната филмска работилница ја најави нејзината улога во новиот филм на Кустурица кој ќе се вика „Љубов и војна“. Во филмот таа ќе игра Србинка, а дејствието ќе се случува на балканските простори:
“Се радувам на почетокот на снимањето на овој филм што треба да почне во мај во Србија! Кустурица има силен глас, природен авторитет, но душа на поет. Јас ќе мора да научам српски јазик, но тоа е полесниот, техничкиот дел од работата“, – изјави таа на работилницата.
“Снимањето преставува еден волшебен свет во кој сите се важни, од оние што ви носат кафе, па се до режисерот и сите тие преставуваат едно семејство. Актерот без тоа чувство е мртов.“ – одговараше таа на прашањата поставени од страна на студентите на работилницата, додавајќи дека играла во блокбастери, но и во мали проекти. Според неа, без разлика на големината на проектот, актерот секогаш се наоѓа во истата ситуација, а тоа е да се напушти себеси и да го постигне оној друг карактер кој што е потребен за приказната.
{youtube}2f4XL9dPdtA{/youtube}
Инаку, Дрвенград (гер. Küstendorf, Кустендорф ) е етно-село во Србија што се наоѓа кај Морка Гора, помеѓу планинините Златибор и Тара. Градот е основан по замислите на режисерот Емир Кустурица и направен е заради потребите на снимањето на неговиот филм „Животот е чудо“ завршен во 2004 година.