Најдобриот електро рок бенд на сите времиња (и воедно и најпродаваниот), луѓето кои стојат зад легендарните песни “Personal Jesus”, “Strange Love”, Policy of Truth” и уште еден куп други извонредни и безвременски нумери, оваа година се враќаат повторно на сцената…
Depeche Mode својот 13-ти студиски албум ќе го издадат во месец Март, според информациите на печатот од островото. Глобалната турнеја која ќе го следи излегувањето на новиот албум би требало да започне во Израел, по што ќе транзитира низ Европа, за да заврши во Северна Америка.
Еден од основачите на бендот (и главниот мотор на истиот) Martin L. Gore вели дека се уште ненасловениот албум има многу слични вибрации со легендарните “Violator” и “Songs of Faith and Devotion”.
„Мислам дека песните на албумов се меѓу најдобрите кои било кога сме ги направиле“, вели Gore, кој штом повторно ги има напишано и компонирано најголемиот дел од песните. На ова се надополнува и описот на вокалистот Dave Gahan кој целиот проект го опишува како „многу органски, со директни чувства.“
„Ова не е блуз албум, но дефинитивно има соул вибрации“, додава Gahan. „За време на процесот на снимање, навистина се трудевме да вметнеме елементи од перформанси во живо во целиот албум.“
Инаку Depeche Mode до сега, во своето 31 годишно постоење имаат издадено 12 албуми и направено повеќе турнеи. Последната, именувана по албумот од 2009-та “Sounds of the Universe”, беше прекината поради нарушеното здравје на Dave Gahan. Kако највлијателни и најмоќни турнеи ќе ги издвоиме “Devotional” од 1992 и “One night in..” од промоцијата на албумот Exciter од 2001 година. Како потсетување на истите, во прилог ви постираме две видеа кои ќе ви го подигнат пулсот на потрбното ниво за да тргнете пари настрана и во Мај да одите да ги гледате во Белград или Софија.
{youtube}2nC15aF6Ixc{/youtube}
{youtube}Q3PuxiuQIFk{/youtube}