Реклама
Дом и семејство

Коледарски песни

Реклама

Коледарски песни

Маркетинг

1. Коледе, леде! Паднало греде, утепало деде.
Дедо се мачи, баба го квачи, со четири јајца.
Гусќини, гусќини! О, о, коледе!
 
2. Цуцул стои на грутка та си шие ќесулка. А шчо ќе му ќесулка?
– Да си бере жирчок. – А шчо ќе му жирчок? – Да си рани прасето.
– А шчо ќе му прасето? – Да му пушча лојца. – А шчо ќе му лојца?
– Да си мазни стапчето. – А шчо ќе му стапчето? – Да си тепа бабата.
– А шчо ќе му бабата? – Да му роди машко дете. – Како го викат?
– Ајчин, бајчин! Коледе, коледе!
 
3. Цуцул пасе говеда покрај река Ситница, и отаде лисица:
– Добро утро цуцуле! – Дал Бог добро лисице!
– Шчо је врева у село? – Комар бек се женеше
за мушичка девојка: еже – тапанарче,
желка – свирбаџија, мечка тесто валкаше,
повеќе го лапаше, на мечиња даваше;
петел дрва цепеше, јаричка ѓи редешпе;
вино пушчаше, повеќе растураше.
 
4. Сива, сива галабице! Дека си се осивила?
– Таму горе на небеси. Шчо имаше, шчо немаше?
– Таму има мала Бога, мала Бога и Божиќа,
си редеа златни чаши, златни чаши и канати! Утре је Божик!
Запишал Г. Бојаџиов, соопштува Д. Матов.
Објавено во „Книжици за прочит“, Солун 1893.
 
Обичаи и песни спроти Бадник

Од Дебарско, записи на Васил Икономов

Маркетинг

Во Дебарско особено во нашите малорекански села,, вечерта спроти бадникот се подготвуваат лебови што се викаат колаци, со различни форми. Заедно со овие колаци (или колендари) замесуваат по еден голем леб што се вика чист леб, којшто го јадат на првиот ден на Божикот, кога повозрасните деца варат пченица (жито) со шеќер и ги пеат следниве песни:

1. Утре вечер – бадник вечер, бодни коња на пазара,
купи риба јогула, дојди дома да ја вариш,
сркни риба – убоцај се, пи си вино – весели се!
 
2. Теле велит: – Леле! Не колите мене,
ток` колите кокош! Кокош се скри пот кош!
 
3. – Сива, сива гулабице, од коде си долетала
до нашего господина? Шчо чинеше наш господин?
– Ми правеше златни чаши, златни чаши и канати,
да послужит млада Бога, млада Бога и Божиќа.
Божик ми е на небеси, слава му е по се земја.
 
4. Добро утро стара бабо! Дај ми колач и погача!
Напи се вино и ракија, појди в племна – запали ја!
Sркни каша – попари се, косни риба – убоцај се!

Од зборникот на Васил Икономов
 
Коледарски песни од записите на Mарко K. Цепенков

Коледица варварица, сива, сива гулабица
долетала од планина, и донесла убаина.
 
Коледица варварица, бери пења за вечера
мене ми се вечера, оти пиле ми загина,
од море до море, во царичини дворои.
Царица го нагазила, и цревцата му истурила.
Циу цвиц ми сторило и пилето си умрело.
По битолцќи Кoледица меледица,
и по неа Василица, и по неа дава, дава,
еднаш ни сте во година како цвеќе во градина.
 
Збирајте се дечиња, стред село на грејачка,
огон да си палиме, за да се изгреиме,
оти после ќе одиме, Коледа да викаме,
костење да збираме, за Бадник да јадиме,
Божик да го чекаме, и прасе да јадиме.
 
Колете, бре селани, дебелите крмнаци,
оти Божик ќе дојдит у селого на гости.
 
Олеле, деде, паднало греде,
отепало дете, дедо се влечи,
баба го плачи, и си го теши:
– Молчи ми старче, кусо магарче,
подај ми праче, да не ти к`лвнат,
твоите гурелки. Подај ми камче,
да удрам петле; да не ти к`лвни,
твоите мрсулки.
 

Извор: kralemarko.org.mk

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button