Погледнете ги овие неколку девојки од неодамнешните MTV Europe Music Awardss 2012 што се одржаа претходниот месец во Германија.
На сликите ќе ги видите Рита Ора, Тејлор Свифт, Ким Кардашијан и Гвен Стефани кои на доделувањео на наградите изгледаа навистина фасцинантно, така што нивниот стајлинг би можел слободно да се искористи како инспирација во подготовките за Новогодишната забава. Останува на вас да одлучите која од овие девојки најмногу ви се допаѓа. Одговорете ни со вашето глувче и закачете Like на нашата заедничка Штипка.
Carly Rae Jepsen
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/beauty/8040-predlozi-nova-godina?slika=1 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Погледнете го овој преубав црвен кармин на Carly Rae Jepsen во комбинација со нејзината црна коса која има по малку коса линија на едната страна. Фокусот е на нејзините очи, но тие се срамежливо сокриени зад шишките. По некое време од забавата, оваа фризура станува малку поопуштена, но и тогаш е секси!
Рита Ора
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/beauty/8040-predlozi-nova-godina?slika=2 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Рита Ора исто така го носеше нејзиниот омилен црвен кармин на забавата во комбинација со крајно сексапилниот црвен костум! Косата и е извиткана во малку растурени крупни локни, додека нејзините очи се истакнати со кафено-сива сенка. Резултатот е ВАУУ!
Тејлор Свифт
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/beauty/8040-predlozi-nova-godina?slika=3 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Тејлор Свифт пристигна со нежен, природен кармин и не толку нагласена шминка, но подоцна се појави со поинтензивна шминка и изразен црвен кармин. Она што прво ви паѓа во очи е нејзината прекрасна сјајна коса во одлична нијанса.
Ким Кардашијан
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/beauty/8040-predlozi-nova-godina?slika=4 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Ким Кардашијан како и секогаш, главниот акцент го стави на нејзините очи со драматична црна шминка на очите и истакнати веѓи. Што се однесува до нејзината коса, таа е едноставно врзана во коњско опавче, и носи кармин со природна неутрална боја, со што уште повеќе се истакнуваат нејзините преубави очи.
Гвен Стефани
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/moderna/beauty/8040-predlozi-nova-godina?slika=5 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
За разлика од Ким Кардашијан, Гвен Стефани се одлучи за црвен кармин и светло кафена сенка на очите. Нејзината коса е разделена на средината, со што лицето и шминката доаѓаат во преден план.
Па која од овие фризури и шминки ви се допадна најмногу? Дали комбинација на црвен кармин со руса и по малце растурена коса, или пак некоја неутрална боја и повообичаена, скротена фризура? Што од ова без проблем би можело да помине за Новогодишната ноќ?
{simplepopup}
{/simplepopup}