Дел од најславните актуелни машки филмски ѕвезди од Hollywood, беа подложени на Photoshop третман за make up и воопшто на целокупниот стајлинг. Погледнете го резултатот.
Ова значи дека после напорната работа во Photoshop, сите можеме да видиме како и колку добро некои од славните актери изгледаат во ’женско руво‘.
Во галеријата која ние ја избравме за вас (но истата не е и наш продукт, едноставно ја позајмивме…) ќе видите ликови од самата А – листа на одбрани глумци од големата фабрика за соништа, Hollywood. Ова не треба да се сфати како потсмевање или сарказам, едноставно станува збор за забава наменета за сите, вклучувајќи ги и самите протагонисти.
После промената на бојата на коса и фризурата секако, бојата на очите и облеката, дали веднаш и од прва ќе погодите за кои фраери станува збор? Погледнете!
Tom Hanks како тетка Биберовска
Harrison Ford – идеален за аудиција на „Сестрата на Indiana Jones”.
Ова би било идеална маска за намалување на проблемите на Jason Bourne и откривањето на сите негови идентитети
А што ќе кажете за најновата варијанта на најпознатиот вампир на светот?!
Доктор кој?…нашиот омилен лик од малите екрани изгледа навистина одлично и како…
Машко или женско…како и да е, оваа плавуша секс бомба едноставно ве тера да помислите на…
Williem Dafoe? Ма дај…Ова е перфектна Мorticia Аddams!
Глупа и поглупа плавуша?! Па, не треба да бидете детектив за да откриете дека овој комичар не е вистинска жена. Иако би изгледал идеално во приказната за “Сестрите на Harry и Loyd”…
Без коментар – вистински пример за совршенство!