И покрај тоа што последниве две, три години не се наоѓа во центарот на вниманието, и иако најверојатно престолот за најсекси задник и облини ú е преземен од Kim Kardashian, сепак кога ќе помислиме на неа, влажните мисли секогаш почнуваат да не обземаат…
Секако треба да се присетиме дека станува збор за порториканската божица на сладостраноста и на телесните предизвици, која истите ги има прикажано во огромен број фото сесии, музички видеа, филмски сцени…
Е токму овие последните се оние на кои сега ќе се присетиме, затоа што сепак ништо не ни го балансира окото како гледањето на секс сцените кои оваа латино убавица ги има снимено. А сите секс сцени, поточно нивниот квалитет, во голема мера зависи од анатомската естетика на актерите вклучени во нив, а Jennifer Lorez е една од најдобрите кои што би ја посакале да ви се врти (како „чигра“) во спалната соба – без разлика дали сте маж или жена!
Сцените кои што ние ги одбравме за вас се едни од оние во кои најубаво се обзервира сексипилот и огромниот талеНАТ на J Lo, па затоа се надеваме дека сите нејзини пасионирани фанови ќе бидат навистина среќни.
Money Train, 1995
Jennifer Lorez наспроти Wesley Snipes и Woody Harrelson, како објект на нивните афекти и страсти, кога сите заедно се здружуваат во полицискиот тим. Работите почнуваат да се комплицираат кога карактерот на Wesley Snipes, John, ќе се смува со карактерот на J Lo, Grace, иако и самиот Harrelson ја сака за себе. Нивната секс сцена со себе носи жештина и страст на овие двајца Њујоршки џандари, како метода за ослободување на стресот кој со себе го носи работата.
Angel Eyes, 2001
J Lo е повторно полицаец, овој пат во Chicago, ú е спасена за време на должност од мистериозен човек, кој што го глуми Jim Caviezel. Обајцата почнуваат да се вљубуваат еден во друг, а во истовреме минатото започнува да се испречува помеѓу нивната романса. Jennifer и Jim имаат интимна секс сцена за време на пикник, која секако придонесува барем малку да се разбие целата мачна патетика на приказната и самиот филм.
U Turn, 1997
Во оваа навистина забавна црна комедија на Oliver Stone, во која главната улога ја има Sean Penn, Jennifer се прикажува во најдобро можно светло, барем кога во прашање се секс сцените. Jenny игра типка која е мажена за злобен стар и богат тип, кој што сака да ја убие, а Sean е наивкото кој ќе се обиде да ја ’спаси‘, а при тоа ќе се обиде и да дојде до некоја лична корист. Инаку сцената за која пишуваме не е со згодниот Penn, ами со стариот и грд Nick Nolte и навистина ја препорачуваме на секој што барем еднаш почувствувал оган во препоните кога ја има видено убавата J Lo.
Out of Sight, 1998
И повторно Jennifer e џандар – најверојатно има нешто кое страшно ја пали кога е во униформа. Во филмот на Steven Soderbergh за романсата помеѓу U.S. Marshall – от J Lo и префинетиот ограбувач на банки George Clooney, овие двајца изгледаат како пар создаден на самото небо. Двајца згодни љубовници на спротивната страна на законот! Нивната секс сцена е полна со сензуалност и романса, за која веруваме дека сонува секоја жена. Затоа како прилог ви го прикажуваме и овој мал клип:
{youtube}eCQIRkboAM4{/youtube}