Култура[тор]

Dr. Dre е кралот на кешот во Америка!

Advertisement

Dr. Dre е најплатениот рапер во целиот свет, со заработка поголема од 110 милиона долари во 2011 година.

Advertisement

Тој буквално ги испердаши останатите на листата Топ 10 најплатени рапери во светот, бидејќи следниот по ред, Diddy, е за цели 65 милиони долари покус од него.

Најпознатиот доктор во светот Дре, според магазинот Форбс, половина од својата заработка во 2011-та ја добил од неговите фанови и слушатели на „Beats by Dr. Dre“, a останатата заработка вложувајќи во заедничката компанија со Јimmy Iovine, од која, подоцна, 51 процент од акциите беа купени од производцителот на „паметните“ телефони HTC. Втор по својата заработка е Диди, но и тој поголемиот дел од својата заработка го има стекнато со продажба на вотката „Diageo’s Ciroc“, вотка чиј застапник за во Америка е лично тој. Џеј Зи со продажба на неговиот албум Watch The Throne е на третото место, но и поради договорот со Бадвајзер. Kanye West е на четвротото место со скромни 35 милиони заработка.

Advertisement

 Top 10 

1. Dr/ dree 110 милиончиња
2. Diddy 45 милиончиња
3. Jay-z 38 милиончиња
4. Kanye West 35 милиончиња
5. Lil Wayne 27 милиончиња
6. Drake – 20.5 милиончиња
7. Birdman 20.0 милиончиња
8. Nicki Minaj 15.5 милиончиња
9. Eminem 15 милиончиња
10. Ludacris 12 милиончиња

(Оваа скромна заработка е пресметана во $)

Чисто како спордба би го земале младиот македонски бизнисмен Камчев, кој, доколку можеме да им веруваме на луѓето од редакцијата во Фокус (кои, патем, повеќе се влечат по судови од самите рапери во Америка!), слободно би можел да се најде некаде на петото или шестото место на оваа листа. Ова недвослислено укажува на тоа дека не само што американскиот сон може да стане јаве, туку и на тоа дека овдека, во Македонија, добро се живее, и да не си „доктор“ или рапер.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button