На сите луѓе од целиот свет, понекогаш, во сонот, им се случува да почуствуваат како некој да им седи на градите и да не им дозволува да дишат.
Па така, на пр. доколку такво нешто му се случи на некој од нашите простори, тој ќе вели дека го нападнале сенки, други пак дека станува збор за мистериозни и страшни жени, трети – за мали зелени суштества. Така на пр. во Јапонија, тоа најчесто се чудесни и неприродни суштества, додека во Америка – станува збор за вонземјани кои вршат испитување врз човечката раса. Според научниците, не станува збор за ништо страшно, туку за појавата наречена „парализа на сонот“, која се појавува кај 60 % од луѓето, барем еднаш во животот, а кај 5 % може да се повторува епизодно.
Овој феномен на запад е познат и како синдром на старата вештерка, бидејќи според преданието, оној што пател од ова, најчесто гледал стара жена како му седи на градите и му праќа кошмари. Професорот и експерт за сонови, во врска со овој синдром вели „парализата на сонот“ се случува за време на Рем фазата, т.е. фазата во која што сонуваме. Според него, во тој период, кој трае од 5 до 15 минути и кој се повторува на секои 90 часа, мозокот ги гасне поголемиот дел на мускулите и ве парализира, како не би реагирале во сонот.
Кога некој ќе се најде во парализа на сонот, тој се буди, но преоѓањето од сонот кон јавето не е во целост. Некои дури и ги отвараат очите и во тој момент ќе заклучат дека не можат да се разбудат, но тие, всушност, за целото време сонуваат.
Оваа појава, според Стенли, траа одвај неколку секунди или најмногу неколку минути, но поради халуцинациите, некои луѓе ја дожививаат сосема страшно, а доколку истата им се повторува често, таа може да биде сосема исцрпувачка за нив.
Според Едријан Вилијамс, професор по медицина за спиење и консултант на лондонскиот центар со спиење, овие појави можат да ссоздатат проблеми, а се појавуваат најчесо заради стрес, работа во смени, промена на временската зона, некои лекарства, па дури и од премногу алкохол и кофеин. Токму затоа многу е важно да се храните квалитетно и здраво, редовно да се вежба и да се избегнува внесување на кофеин и алкохол пред спиење. Оние пак, што и понатака ќе имаат проблем со парализа на сонот, најдобро е да се обратат на лекар.
(извор Б92)