Унгарскиот циркус со светско реноме „Сафари“, вчера пристигна во нашиот главен град и го одржа првото шоу пред скопската публика, во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“ и ќе биде во Скопје до 16-ти Септември…
Унгарските виртуози ќе имаат претстави по два пати на ден,секој ден освен понеделник и вторник. Првата претставата ќе започне во 17h. , а втората во 19.30h. Циркускиот шатор има капацитет да прими по 1 000 луѓе од една претстава, а цените на билетите се движат од 200 до 400 денари, во зависност од возраста на посетителите и местото за седење.
Овој циркус постои од 1968г. и е светска атракција која привлекува големо внимание и ги забавува и воодушевува сите, без разлика на возраста.
{youtube}tqHs1ZrxZWM{/youtube}
{simplepopup}
{/simplepopup}