Реклама
Нега и здравје

Слабото спиење може негативно да се одрази на вашето здравје

Реклама

Според официјалното соопштение од „The Mental Health Foundation“ недостатокот од спиење треба да се третира како приоритетно здравствено прашање.

Несоницата се поврзува со зголемена депресија, имунолошки недостаток и срцеви болести. Познати се големи разлики помеѓу луѓето кои добро спијат и оние кои хронично (па и повремено) страдаат од слабо спиење. Според најновите светски истражувања, луѓето кои хронично страдаат од несоница се четири пати повеќе склони кон проблеми во љубовните врски и меѓучовечките односи од луѓето со нормален сон, три пати повеќе склони кон депресивни чувства и три пати повеќе склони кон недостиг од концентрација.

Маркетинг

Др. Ден Роботхан, докажан истражувач во „The Mental Health Foundation“ и автор на горенаведената изјава, верува дека луѓето можат да заглават во спирала каде слабото спиење води кон ментални здравствени проблеми, кои пак водат кон уште полош сон, a тоа пак би можело да предизвика влошување на здравствената состојба. Тој иницира на запознавање на луѓето со штетните ефекти на несоницата и вели дека е важно луѓето да преземат ефективен начин за излегување од таа „спирала“ со подобрување на квалитетот на спиењето.

Маркетинг

Професори на Glasgow University Sleep Centre изјавуваат дека проблемите со спиењето не само што влијаат на нашето здравје и секојдневна среќа, туку се одразуваат и на нашата економија. Затоа наш совет е – кога спиете, спијте како бебенце.

 А еве како тоа го прават тие!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button