Во Домот на културата во Прилеп , на 1 јуни – петок, беше отворен 47. македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“
Уметничкиот директор на фестивалот Петар Темелковски и посака на публиката „немирни и возбудливи“ фестивалски денови, а на официјалното отворање се обрати и заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ, кој нагласи дека ова издание, на големо задоволство на публиката, ќе ни презентира 13 претстави во официјална конкуренција и ќе ни даде вистинска можност да ја погледнеме најквалитетната продукција на театрите низ Македонија за годинава.
– Овој реномиран фестивал ја продолжува традицијата да се живее, да се дише со театарот. Овие речиси пет децении, фестивалот несомнено прерасна во бренд на македонското театарско живеење. Токму затоа Министерството за култура традиционално му ја дава својата поддршка на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински” кој заслужено освои значајно место во македонската култура и стана белег на препознатливост за нашите творци и воопшто, симбол за Република Македонија, истакна Недељковиќ.
Традиционално беа врачени и наградите за животно дело на годинашните добитници сценографот Владимир Георгиевски, актерите Незакет Али и Владимир Светиев, и посмртно на актерот Кирил Ристоски.
Актерот Владимир Светиев изјави дека наградата ја доживува како круна на творечкиот пат.
– Посебно ми е мило што ја добив наградата пред прилепската публика која има висок естетски, театарски критериум која не прифаќа претстави со приземна провидност, туку знае да ги препознава вредностите, рече Светиев.
Во петокот, публиката ја виде првата од 13-те претстави во конкуренција за награди – претставата „Свадбата на Фигаро” од Бомарше во режија на Леван Цуладзе, а во изведба на Македонскиот народен театар од Скопје. Во саботата следуваа „Со тупаница на ножот“на Тетовскиот театар и Камиевата „Калигула“ во изведба на Театар “Војдан Чернодрински” – Прилеп.
На фестивалот учество земаа театрите ширум целата држава. Во прилог ви ја даваме програмата од 1-ви до 8-ми јуни:
Петок, 1 јуни
19:00 Изложба на
ЦРТЕЖИ И ГРАФИКИ од Димитар МАЛИДАНОВ
Ликовна галерија – Центар за култура “Марко Цепенков”
19:30 Изложба на објекти
„MAINSTREAM“ од Христина ЗАФИРОВСКА
Фоаје – Центар за култура “Марко Цепенков”
19:30 Пјер – Огистен Карон де БОМАPШЕ
СВАДБАТА НА ФИГАРО
Режија: Леван ЦУЛАДЗЕ
НУ Македонски народен театар – Скопје
Центар за култура “Марко Цепенков” (официјална програма)
Сабота, 2 јуни
12:00 „ЧЕРНОДРИНСКИ“ за КИРИЛ РИСТОСКИ
чествување по повод наградата за животно дело
Камерна сала “Сцена 105” – Центар за култура “Марко Цепенков”
19:30 Аугусто БОАЛ
СО ТУПАНИЦА НА НОЖОТ
Режија: Сулејман РУШИТИ
Тетовски театар – Тетово
Центар за култура “Марко Цепенков” (официјална програма)
22:00 Македонски павилјон за квадриеналето за сценски дизајн и простор, Прага 2011.
Филип Јовановски
THEATRE = THEATRE +/-
Куратори:
Фросина ЗАФИРОВСКА
Јован ИВАНОВСКИ
Организација: Музеј на град Скопје
Театар “Војдан Чернодрински”
22:00 Албер КАМИ
КАЛИГУЛА
Режија: Зоја БУЗАЛКОВСКА
НУЦК “Марко Цепенков” – Театар “Војдан Чернодрински” – Прилеп
Театар “Војдан Чернодрински” (официјална програма)
24:00 Сузан ЛЕБО
ЗВУКОТ НА КОСКИТЕ ШТО СЕ КРШАТ
Режија: Билјана РАДИНОСКА
Продукција: ТЕАТРА – Скопје
Центар за култура “Марко Цепенков” (придружна програма)
Недела, 3 јуни
19:30 Михаил БУЛГАКОВ
ЖИВОТОТ НА МОЛИЕР
Режија: Александар ПОПОВСКИ
НУ Македонски народен театар – Скопје
Центар за култура “Марко Цепенков” (официјална програма)
22:00 Славомир МРОЖЕК
ПОЛИЦАЈЦИ
Режија: Андреј ЦВЕТАНОВСКИ
НУЦК „Григор Прличев“ – Народен театар – Охрид
Театар “Војдан Чернодрински” (официјална програма)
Понеделник, 4 јуни
12:00 Лиман Френк БАУМ
ВОЛШЕБНИКОТ ОД ОЗ
Режија: Боњо ЛУНГОВ
НУ Театар за деца и младинци – Скопје
Театар “Војдан Чернодрински” (придружна програма)
19:30 Ристо КРЛЕ
ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА
Режија: Александар ИВАНОВСКИ
НУЦК „Ацо Шопов“ – Театар – Штип
Театар “Војдан Чернодрински” (официјална програма)
22:00 А. П. Чехов
ВИШНОВАТА ГРАДИНА
Режија: Ѕвездана АНГЕЛОВСКА
НУ Народен театар – Битола
Центар за култура “Марко Цепенков” (официјална програма)
24:00 Сара КЕЈН
4.48 ПСИХОЗА
Режија: Ѓорѓи ЈОЛЕВСКИ
Културен центар „Квартет“ во копродукција со МНТ – Скопје
Театар “Војдан Чернодрински” (придружна програма)
Вторник, 5 јуни
12:00 Трибина:
ТЕАТАРОТ И НОВИТЕ ФОРМИ
Модератор: Проф. Д-р Ана СТОЈАНОСКА
Камерна сала “Сцена 105” – Центар за култура “Марко Цепенков”
19:30 Лукас БЕРФУС
СЕКСУАЛНИТЕ НЕВРОЗИ НА НАШИТЕ РОДИТЕЛИ
Режија: Александра КАРДАЛЕВСКА
НУЦК “Антон Панов” – Театар Струмица
Театар “Војдан Чернодрински” (официјална програма)
22:00 Евгениј ШВАРЦ
ЗМЕЈ
Режија: Шкипе Н. ДУКА
НУ Албански театар – Скопје
Центар за култура “Марко Цепенков” (официјална програма)
24:00 Бојан ТРИФУНОВСКИ, Симеон ДАМЕВСКИ и Љупчо ТОДОРОВСКИ
НИ ВАМУ, НИ ТАМУ
НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид и Продукција „Видик“ – Скопје
Театар “Војдан Чернодрински” (придружна програма)
Среда, 6 јуни
12:00 Промоција на театарска литература
Камерна сала “Сцена 105” – Центар за култура “Марко Цепенков”
19:30 Според приказните на 1001 ноќ
ПРИКАЗНАТА ЗА ШЕХЕРЕЗАДА И ШАХРИЈАР
Режија: Деан ДАМЈАНОВСКИ
НУ Турски театар – Скопје
Центар за култура “Марко Цепенков” (официјална програма)
22:00 А. С. ПУШКИН
ОНЕГИН
Режија: Ѕвездана АНГЕЛОВСКА
НУЦК “Ј.Х.К Џинот” – Театар Велес
Театар “Војдан Чернодрински” (официјална програма)
24:00 Харолд ПИНТЕР
ЉУБОВНИКОТ
Режија: Ирена СТЕРИЈОВСКА
дипломска претстава по актерска игра класата ја води проф. Дејан ПРОЈКОВСКИ
ЕСРА – Скопје
Центар за култура “Марко Цепенков” (придружна програма)
Четврток, 7 јуни
12:00 Промоција на театарска литература
Камерна сала “Сцена 105” – Центар за култура “Марко Цепенков”
19:30 Венко АНДОНОВСКИ
ГЕНЕТИКА НА КУЧИЊАТА
Режија: Дејан ПРОЈКОВСКИ
НУ Драмски театар – Скопје
Центар за култура “Марко Цепенков” (официјална програма)
21:00 Тихомир СТОЈАНОВСКИ и други автори
ПЕАНИ
Режија: Страшко МИЛОШЕВСКИ
Културен Центар „Скрб и утеха – Тиха“
Црква “Св. Никола” – Варош (придружна програма)
23:00 Христо БОЈЧЕВ
ОКОЛИСКА БОЛНИЦА
Режија: Јане СПАСИЌ
НУЦК “Трајко Прокопиев” – Театар Куманово
Театар “Војдан Чернодрински” (официјална програма)
Петок, 8 јуни
20:00 Коле АНГЕЛОВСКИ
АХ, ЉУБОВ МОЈА
Режија: Коле АНГЕЛОВСКИ
НУ Театар „Комедија“ – Скопје
Центар за култура “Марко Цепенков” (придружна програма)