Реклама
Шминка

Дали сте зависни од шминка?

Реклама

Една неодамнешна студија на Renfrew Center открива дека жените стануваат зависни од шминка.

Маркетинг

Запрашани како се чувствуваат кога не се нашминкани, од 1,292 жени колку што учествувале во истражувањето, 44% одговориле дека се чувствуваат негативно, 16% одговориле дека се чувствуваат како „непривлечни“ и 14% се чувствувале како да се „голи“. Исто така, 25% од жените почнале да се шминкаат на 13 години или помалку.

Маркетинг

 

Резултатите од истражувањето се на некој начин разбирливи и очекувани земајќи ги во предвид денешните трендови да се изгледа совршено. Интересен е податокот дека во една скорешна студија на Procter & Gamble било утврдено дека дамите што повеќе се шминкаат се сметаат за покомпетентни од нивните ненашминкани колешки. Опседнатоста со совршениот изглед лесно може да се забележи и во зголемената побарувачка на услуги од естетската хирургија и на козметички услуги како трајна шминка.

{simplepopup}

 

{/simplepopup}

 

Пораката што жените ја добиваат од ваквите истражувања или пак од своите мајки или пријателки е јасна – шминката е неопходна за успех. На ваквите гледишта разбирливо остро се спротивставуваат феминистките кои на своите блогови повикаа на природна убавина со нивната акција – недела без шминка –  поттикнувајќи ги жените да ги исчистат своите лица и да ја покажат природната убавина. Но ваквите поединечни настани сепак не се доволни за кревање на свеста и борба против оваа зависност од шминка која само укажува на тажната вистина за очекувањата на жените што самите или пак општеството им ги наметнало. Лесно забораваме на штетните последици по кожата и здравјето генерално од прекумерното шминкање и од козметичките средства полни со штетни материи. Да се потсетиме на пример дека во кармини беше откриено олово. Дали можеме да се воздржиме од посегањето по карминот, или сепак тоа е премногу да се бара од нас?

Види ја нашата нова WELCOME страница на Facebook.

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button