Малку се модерни режисери кои што имаат повеќе од еден филм во „Топ 250 најдобро оценети филмови“ на најопширната филмска база на интернет, онаа наречена IMDB. Со очекуваниот пласман на Jackson и Tarantino, дури четири ги има Британецот Christofer Nolan.
Покрај ремек делото од периодот кога работеше со независни продуценти, “Memento”, овде е и првиот негов Hollywood-ски проект, “Batman Begins” (иако ние лично воопшто не го делиме ова мислење, но сепак…), потоа последното навистина квалитетно остварување “The Inception” и оној кој што денес ви го препорачуваме –“The Prestige”.
Приказната за двобојот на маѓионичарите (Christian Bale и Hugh Jackman) во London на преминот од 19-ти во 20-ти век.
Како што е обичај со Chris Nolan (но во секој филм, само во најдобрите – случајно или не) дејствието не оди линеарно, туку се пратат три временски линии, а интересно е дека во филмот се појавува и David Bowie во улогата на Nicola Tesla.
Инаку истата 2007-ма година се сними и “The Illusionist”, со многу слична тематика, со Edward Norton во главната улога. Но филмот кој што ние решивме да го ставиме во нашите селекции и мини прегледи и препораки за вас e “The Prestige” – и сме на мислење дека добро ќе ве ’Маа‘!
{youtube}o4gHCmTQDVI{/youtube}
Види ја нашата нова WELCOME страница на Facebook.
Врати се на првата страна.