Реклама
Култура[тор]

Мега концерт на Цеца Ражнатовиќ во Скопје

Реклама

Мегатон продукција со особено задоволството најавува: мегаѕвездата на српската музика, најбараната и најпосакуваната пејачка на Балканот, Светлана Цеца Ражнатовиќ на  2. јуни ќе настапи во Скопје

. Спектаклот на апсолутната Дива на поп фолк музиката, ќе се одржи во Метрополис Арена. Нејзиното гостување во Скопје е во рамките на актуелната турнеја „Љубав живи“, насловена по нејзиниот последен, четиринаесетти студиски албум. Албумот веќе стана платиниумски, а песните кои се најдоа на него, како „Расуло“ и „Играчка самоќе“ очекувано веднаш прераснаа во балкански фолк хитови. Поп фолк кралицата, ја започна турнејата овој месец , а судејќи по првите одржани концерти во Цирих, Виена, Љубљана и наскоро Дизелдорф, ова ќе биде исполнета и спектакуларна година за Цеца.
 
Билетите за концертот на Светлана Цеца Ражнатовиќ ќе бидат пуштени во продажба во петок, 25. април и можат да се купат во продажната мрежа на МКтикетс (Југотон Рекордс, Камарат Рамстор, Розе Веро 2, Супер Тобако – Лептокарија, Моби Клуб – Капиштец). Првите 2000 влезници, чија продажба ќе биде и временски ограничена, чинат 500 денари, а потоа цената на билетите ќе биде 600 денари и 800 денари за последниот контингент влезници. Во продажба се и ВИП влезниците, кои чинат 1000 денари.
 
 
Светлана Цеца Ражнатовиќ ја започна својата кариера како фолк пејачка во 1988 година издавајќи го својот прв албум, а денес важи за најплатениот артист во српската музичка индустрија. Својот прв јавен настап таа го имаше на осумгодишна возраст, а на 13 години веќе го остварува и патот кон деби албумот „Цветак зановетак“ (1988). Уште со првите појавувања на музичката сцена Цеца молскавично се трансформира од девојче со симпатичен глас во најголемата Дива чии концерти привлекуваат 150.000 публика. Уште со третиот студиски албум „То Мики То“, Цеца го зазема тронот на најдобро продаван артист во Србија и трета најпродавана пејачка во Југославија. Нејзиниот раст продолжуваше и со секој следен албум, проширувајќи ја нејзината популарност. Со издавањето на албумот „Шта је то у твојим венама“ (1993), нејзината музика добива модерна продукција, нејзиниот стил постојано еволуира, а тоа го потврдува и со албумот „Емотивна луда“ и албумот „Маскарада“, запаметен и по хитот „Неваљала“ кој 17 недели се задржа на првото место на топ листите во Србија. Секој албум на Цеца е распродаван во мултиплатиниумски тираж, за неа и за нејзиниот живот се објавени четири книги, зад себе има 14 студиски албуми и низа огромни балкански хитови како „Кукавица“, „Лепи громе мој“, автобиографската песна „Пиле“, „Забрањени град“, „Тачно је“ „Волела сам волела“… Покрај музичката кариера, таа е препознатлива и по своите бројни хуманитарни акции и донации. Сите овие факти ја вбројуваат Цеца во ретките изведувачи кои успеваат постојано да ја воодушевуваат публиката и се причина нејзиното име да стане единствен синоним за Кралицата на српската музика и најголемата ѕвезда на Балканот.

Маркетинг

alt

  alt

Маркетинг

alt

  alt

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine бесплатно на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button