Да се потсетиме на еден лудо забавен и исто толку добар филм на шпанскиот мајстор на филмот, Don Pedro.
После неколкуте мрачни драми и трилери, најголемиот филмаџија од Шпанија после Bunuel, Pedro Almodovar, во 2006 се врати на она поради што беше и станал најголема европска режисерска ѕвезда – шарените и духовити camp претерувања, со многу жени во кадрите. А бидејќи и сега, поточно лани повторно забега во оние психотични состојби кои им се случуваат во главите на мажите во “The Skin I Live In”, ние се решивме да ве потсетиме на овој негов филм, наместо последниот.
Само на кратко ќе ви кажеме дека ’Volver‘ е приказна за пар живи и неживи хероини, чии што животи (или смрт-и) се испреплетуваат околу илегалниот салон за убавина и еден ресторан. Во главната улога е Penelope Cruz – која во тој период – после многуте американски кретенизми во кои се наглуми и ја гледавме, со враќањето во Шоанија сакаше да не потсети дека некогаш знаеше и да глуми. Тоа го препознаа и во Cannes, па нејзе и на целиот актерски ансамбл им доделија награда за најдобра глума.
Доколку сакате да се релаксирате со гледање на интересен, забавен, но интелегентно направен филм, ’Volver‘ најтопло ви го препорачуваме.
{youtube}ABSvppyQGdE{/youtube}
Врати се на првата страна.