Голем првоаприлски панк рок маскенбал во МКЦ, со супер програма за млади!
Настапуваат A Wilhelm Scream од САД заедно со домашните Noviot Pochetok, Фонија и 10 to GO од Грција.
Настанот ќе започне во 20:30 а билети ќе може да се купат во Југотон (ГТЦ) и билетарата на МКЦ по цена од 250 денари.На ден на концерт 300 денари.
НАПОМЕНА: Сите кои ќе се појави на концерт маскирани добиваат купон за бесплатен пијалок!
1 април 2012 // МКЦ – сала „25 мај“ // почеток 20:30 // влезници 250 во претпродажба / 300 денари на ден на концерт
ГОЛЕМ ПАНК РОК МАСКЕНБАЛ
A Wilhelm Scream
Иако не треба посебна најава, А Wilhelm Scream, накратко AWS, (а порано познати и како Smackin’ Isaiah) е мелодичен хардкор бенд кој доаѓа од САД. Тие музички и стилски се слични со бендови како Strung Out, How Water Music, Propagandhi, и Strike Anywhere. Зад себе имаат 5 албуми, 3 EP-а, и безброј отсвирени концерти по целата планета. Со претходните искуства на членовите, A Wilhelm Scream се оформуваат некаде во 1996 година, за подоцна, во 2000 година да го издадат својот прв албум со наслов “The Way To A Girl’s Heart Is Through Her Boyfriend’s Stomach”. Потоа следуваат “Benefits Of Thinking Out Loud” (2001), EP-то “The Champagne Of Bands… We Know Sexy” (2002), “Mute Print” (2004), како и веројатно нивното најуспешно издание – “Ruiner” од 2005 година. По “Ruiner”, следува албумот “Career Suicide” (2007), EP-то “Driver” и нивното најново EP – “A Wilhem Scream”, издадено во 2009 година за Paper + Plastick. Нивните изданија најчесто се продуцирани од големиот Bill Stevenson (Descendents, All, Black Flag, Only Crime…) во неговото Blasting Room студио. А Wilhelm Scream. Во денсинг салата на МКЦ!
www.awilhelmscream.com/
Новиот Почеток
е панкрок/мелодичен хардкор бенд од Скопје, формиран во 2002 година. Тие штотуку го издадоа своето најново, веќе трето издание – “Melancholic Machine” на 24 февруари, а овој настан ќе биде концертна промоција на која ќе биде промовиран материјалот од истиот. Зад себе имаат многу концерти меѓу кои се и настапите на EXIT, Dirty Old Festival, Alarm и други. Последен пат пред скопската публика тие настапија пред повеќе од една година, па ова ќе биде одлична можност да ги слушнете и воедно да го набавите новиот албум (по цена од 150 ден.), доколку сеуште не сте го сториле тоа.
noviotpochetok.com/
Фонија
е панкрок трио од Скопје. Членовите на бендот имаат по само 20 години, и за само пет години постоење, на 3-ти март ќе го издадат својот трет албум. Ова е причина плус зошто Фонија е бенд кој го заслужува вашето внимание, па не го пропуштајте нивниот настап на кој ќе отсвират сет од трите албуми.
soundcloud.com/fonija
10 to Go
е млад бенд кој доаѓа од Лариса, Грција. Зад себе имаат едно EP и доаѓаат во Скопје за да ја загреат атмосферата со материјал од нивниот албум во најава.
soundcloud.com/10-to-go
Врати се на првата страна.