Недела, 25 март, 22 часот. Во продолжението на циклусот радио-концерти Ако никој не свири… во живо на Стотројка, оваа недела пред слушателите ќе се претстави загребското електро-поп дуо Кимико.
Кимико е бенд од Загреб, Хрватска, кој веќе подолго време опстојува на локалната сцена со променлив лајн-ап и музички стилови. Почнувајќи од четворочлен брит-поп состав па сè до шесточлена нојз машина, конечно се смирија како електро-поп дуо, кое го сочинуваат брачните другари Лора Шуљиќ и Зоран Плешко
{youtube}N4Limpyrw34{/youtube}
Нарекувајќи се себеси „обременет поп“, Кимико создаваат интересна смеса од современи поп и рок звуци и имаат ретко посебен и креативен музички пристап за овие делови од светот. Нивниот израз силно се потпира на семплови, како и на создавање на нови звуци со несекојдневни инструменти, што резултира со необични електро-поп песни, во кои органското и неорганското се сврзуваат во завивачки конгломерат од звуци во еден момент, или во сонувачка атмосфера во друг.
Кон крајот на минатата година Кимико го издадоа својот деби албум, индикативно насловен “From Our Room To Yours”, кој моментално го промовираат со европска турнеја која вклучува и неколку настапи во Македонија.
Овој радио–концерт е организиран во соработка со интернет пораталот Плагијат, а ќе може да се следи и онлајн на www.kanal103.com.mk
Повеќе инфо на:
kimikomusic.tumblr.com
{youtube}3Ys8Tj-pzwQ{/youtube}
Врати се на првата страна.