Постојано внимавате на себе, убаво се облекувате, редовно ги миете рацете, проветрувате, се одмарате, избегнувате гужви за да не закачите настинка или грип.
Но, можеби ја заборавате најважната работа – правилната исхрана. Вашата исхрана може да ви помогне да се одбраните од настинките и грипот зајакнувајќи го имунитетот на организмот. Еве како:
Активните ацидофилни култури, кои ги има во многу јогурти, го зајакнуваат системот за варење. Затоа јогуртот треба да биде постојано присутен во вашата исхрана. Витаминот Ц го зајакнува имунитетот, го помага процесот на заздравување на организмот и затоа требасекојдневно да внесуваме храна богата со витамин Ц како овошје, зеленчук и свежи сокови од овошје и зеленчук. Интегралните жита содржат повеќе хранливи материи од преработената храна, така што треба да им дадете предност во исхраната – интегрален леб наместо бел, интегрални житарки за доручек (во комбинација со јогурт, на пример). Лукот е познат по своите антибиотски својства и помага да се спречат заболувањата. Во борбата против грипот и настинките лукот треба да биде застапен во исхраната секојдневно (пожелно е да го конзумирате заедно со вашиот партнер, поради „пријатниот“ мирис). Не го заборавајте стариот добар мед, како и јаткастите овошја, кои заедно прават одлична комбинација – на пример мед и ореви. Пијте многу течности, дајте им предност на растителните чаеви.
Врати се на првата страна.