Овој мегапопуларен италијански бренд, распознатлив по неговото брендирано лого со медуза и потписот на Gianni Versace, беше создаден во 1978 година. Од тогаш, па се до денес Versace постојано е на врвот на гламурот и сексапилната облека и покрај прераната смрт на Gianni Versace. Tој беше убеиен во 1997 година во Miami Beach. Тогаш Donatella (преубаво име за чоколадо, нели?), сестрата на Gianni го презема брендот и продолжува со сите колекции со кои што претходно работел нејзиниот брат. Тие полека ја шират нивната империја, па така тие имаат и свои хотели во Австралија и Дубаи (2009). 50 проценти од акциите припаѓаат на Allegra, ќерката на Donatella, која што ги има наследено по смртта на нејзиниот вујко, а останатите Donatella ги дели со нејзиниот постар брат Santos.
Сопственост: Allegra, Donatella и Santos Versace
Адреса: 38 Via Manzoni
20121 Milan, Italy
39-02-760931
Сроден бренд: Versus
Останати производи: Козметика, накит, парфеми, чанти, фармерки, чевли, долна облека, аксесоари за дома
Клиенти: Brad Pitt, Jamie Foxx, Madonna, Kate Hudson, Elizabeth Hurley, Jennifer Lopez
Web: Versace.com