Култура[тор]

Џезот и модата

Advertisement

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, Моден Викенд Скопје (FWSK) и Македонската Mодна Формација (MFF) објавуваат јавен повик за дизајнери од Македонија да ги прикажат нивните креации на модната ревија „Џезот и модата,“ што ќе се организира во Амбасадата на САД.

Advertisement

altГлавна цел на овој настан ќе биде промоција на модната индустрија во Македонија. Инспирирани од богатата џез култура, идните млади дизајнери ќе имаат можност да го презентираат својот талент заедно со некои од најистакнатите дизајнери во Македонија, создавајќи нови и уникатни модели.

Конечната селекција на учесниците ќе биде направена од страна на стручно жири, составено од претставници на MFF, FWSK и на Амбасадата на САД.  Дванаесет избрани дизајнери ќе бидат поканети да ги претстават своите креации на гала вечер организирана од страна на Амбасадата на САД во рамките на петтото издание на Модниот викенд Скопје (3-8 април 2012).

Advertisement

Проектот е поддржан од Текстилната трговска асоцијација на Македонија – Кластер за текстил, како и фабриките „ Албатрос“, „Окитекс“,“АФГ”, “ИНТ”, и “ЛИНЕА”.

Краен рок за поднесување на пријавите е 20.02.2012 година.

За подетални информации: www.fashionweeks.mk, [email protected]

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button