Погледнете го најновото видео на кралицата на попот, Madonna, за песната “Give Me All Your Lovin”, во кое се појавуваат и Nicki Minaj и M.I.A.
„Фановите може да те направат славен, договорот може да те направи богат, медиумите можат да те направат супер ѕвезда, но само љубовта може да те направи player (овде ние не сакавме да даваме наш слободен превод, сметаме на вас..)“. Ова е потенцирано и напишано на почетокот на видеото, пред да се префрли кадарот на Nicki и M.I.A., како мажоретки…
Иако – доколку се уште не сте ја слушнале темава – насловот може да ве потсети на познатиот истоимен хит од ZZ Top или пак на (скоро) истоимената песна на White Snake, Madonna сепак има направено сосема своја песна, која што нејзините обожаватели лесно ќе ја сварат.
“Give Me All Your Luvin’” сега е достапна и како ммелодија на iTunes-ите. Па така ако сте фан на Madonna (инаку зборот фан е кратенка за фанатик), тогаш имате доста опции….а за почеток погледнете го видеото…
{youtube}cItHOl5LRWg{/youtube}
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.