На ден 31.01.2012 (вторник) со почеток во 20 часот на малата сцена во МОБ ќе се изведе “Вечер на современ танц”. Се работи за два авторски проекта. Едниот наречен “Шпајз” на Ивана Коцевска и вториот на Саша Евтимова – “Филм”.
Двата проекта, балети, се концептуално независни и сосема различни еден од друг.
ШПАЈЗ
Концепт, кореографија: Ивана Коцевска
Изведба: Игор Веланоски,Ивана Коцевска
Музика: Димитар Додовски, Nouvelle Vague, Tnjerk, Scedrin, Arvo Part
Преку ова дело Коцевска продолжува со своето истражување-кое е кинестетичко, поврзано со утилитарната страна на кинестетиката-онаа во секојдневниот живот. Го истражува и потенцира она што движењата го прикажуваат-рефлексија на умот, на мислата, состојбата во која човекот се наоѓа.
Идејата е да од една страна се прикаже дека движењето е дел од животот на индивидуата, во секојдневието и е негова иманентна состојба, а со тоа и танцот како уметност на движењето.
И. К.: “Моето тело е медиум, ги проектира емоциите и состојбите низ кои поминува мојот ум. Инспирирана од кинестетичкото движење во моето секојдневие, набљудувајки се себе си и луѓето околу мене и тоа што неуспешно се справуваме со конфликтите во себе и вешто се обидуваме да ги прикриеме, камуфлираме сопствените недостатоци, ме наведе да размислувам и да направам истражување “како функционираат нашето тело и ум”.
Кинестетичка свесност претставува способност за координирано движење, свесност за телото во простор и време, проприоцепција, внатрешно чувство. Способност на нашиот централен нервен систем да комуницира, координира делови од нашето тело. ….„Целта ми е да преку кинестетичка манифестација го прикажам односот помеѓу две тела (маж и жена), конфликтите и комплексите кои ги носат во себе, во заеднички простор придонесуваат тие да се оддалечат. Свесноста за тоа дека сепак можеме да го отвориме умот, да направиме поинаков чекор, поттикнати од чиста љубов и желба за живот во хармонија, да научиме да се прифатиме меѓусебно”. …
Првиот проект на Ивана Коцевска „Тест за гравитација“, беше изведен во рамките на манифестацијата Вечер на современ танц-претставување на млади кореографи во организација на Локомотива (центар за нови иницијативи во уметноста и културата) во 2006 г. на сцената на МОБ во Скопје.“
ФИЛМ – Експериментално истражување во танцот
Концепт, кореографија: Саша Евтимова
Изведба: Саша Евтимова, Мими Поп Алексова, Бобан Ковачевски, Билјана Басмаџиева, Трајче Стојковски, Мирослав Митрашиновиќ
Музика: Микс
Во “Филм” за прв пат на нашата сцена ќе ја видиме “karagoz” техниката употребена во танцот (турски – црни очи, затемнети очи). Се работи за интересна техника и пристап каде што се истражува како реагира движењето на телото на светло.
…“Само еден момент… само една минута. Само една минута пред да заспиете и сонувате…животот е прекрасен. Слики од прекрасни места, романтични места. Можеби е убаво да имаш прекрасен ум, но уште поголем дар е да ја откриеш убавината на срцето.
Умот е како отворена книга. “It’s not some place you can look for, ’cause it’s not where you go”. It’s how you feel for a moment in your life when you’re a part of something, and if you find that moment… it lasts forever… Животот поминува многу бргу. И доколку не застанеш и повремено не разгледаш околу себе, можеш да го пропуштиш. Животот е убав. Животот е филм.
Време
Вто, 31 Јан 2012 во 20:00
Локација
МОБ Мала Сцена
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.