Реклама
Култура[тор]

Мемоарите на една гејша

Реклама

Мемоарите на една Гејша е книга напишана во 1997година од Артур Голден.

Маркетинг

Тоа е книга која ќе ве одведе длабоко во мистеријата на еден свет  на кој никој не може да му остане рамнодушен. Свет кој многу далеку од нашата религија и верувања, свет кој е обоен со прекрасните светли бои но и со многу потресни животни приказни. Патувањето низ јапонската култура и запознавањето на гејшите, претставува прекрасно доживување благодарение на мноштвото од детали кои се навистина живописно доловени. Сите познати и непознати ритуали со пиењето чај, танцување, свирење, вештина со лепези, но, пред се пријатно друштво на машкиот пол со својот надворешен беспрекорен изглед, но и харизма, мудар разговор и дамски манири на една гејша а, од другата страна на целиот тој раскош е душата на Сајури која длабоко во себе го носи ужасот на суровите животни околности на детството, сите жртви кои таа треба да ги помине за да достоинствено зачекори како гејша. Силниот мотив кој ја води кон тоа, ве тера да се поклоните пред нејзиниот лик, но воедно и да почувствувате горчина поради високата цена која е потребно да се плати за да се постане и остане вистинска гејша. Урнекот за она што претставувало вистинска дама во Јапонија во минатото, но и сеуште во јапонската култура и традиција, навистина може да го видите во главната хероина на оваа книга која топло ви препорачуваме да ја прочитате, доколку веќе ја немате прочитано. Веруваме дека искрено ќе ве допре и вистински ќе се соживеете со неа.

Ова книга е филмувана од страна на Роб Маршал. Филмот мемоарите на една гејша е филм добитник на два оскари во 2005 година. Роб Маршал успешно ќе се фати во мрежата на раскажувањето, во прекрасната исповед на славната гејша Сајури (Зији Занг) пристапувајќи му на сето тоа со една одредена филозофија на живеењето, со многу емоции и тага.

Маркетинг

Имате да одберете КНИГА ИЛИ ФИЛМ за да ја запознаете јапонската култура и да ја доживеете оваа прекрасна јапонска бајка!

alt

  alt

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button