Во организација на Центарот за културен проток „Артерија“ во сабота (21 јануари 2012 година), во галерија „Робевци“ – Охрид, беше отворена изложбата на фотографии “Невидлива Софија” од Елена Ѓероска и Стефан Маринов.
„Невидлива Софија“ е фотографски проект кој се базира на невидливата убавина која е насекаде околу нас. Авторите на проектот – Елена Ѓероска од Македонија и Стефан Маринов од Бугарија, се студенти по фотографија во Националната академија за театарска и филмска уметност НАТФИЗво Софија. Обединети од љубовта кон апстрактната црно-бела фотографија, започнуваат да работат на проектот пред повеќе од една година. „Невидлива Софија“ е нивен прв заеднички проект.
Секоја фотографија од проектот се состои од две фотографии, направени на две различни локации од двајцата автори.
„Тргнувајќи од светот кој нè опкружува, од нашето секојдневие во градот Софија, започнавме една долга прошетка. Се обидовме да го погледнеме одново она што за нас изгледаше толку познато…“ – велат двајцата уметници. „Обединивме две гледни точки за две навидум далечни места и тој судир на две реалности создаде една нова реалност, онаа за невидиливиот град.“
Изложбата во Галерија „Робевци“ Охрид ќе биде отворена до крајот на јануари 2012.
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.