Годинава на конкурсот што го распиша Министерството за култура за организирање на манифестацијата „Град на културата“се пријавиja општините Кочани, Крушево, Крива Паланка, Тетово, Струмица, општина Чаир, Ресен, Неготино и Битола.
По разгледувањето на пристигнатите пријави што ги задоволуваат критериумите согласно конкурсот, стручна комисија одлучи Кочани да биде општинaта – годинашен организатор на оваа значајна манифестација што се одржува по деветти пат. Оваа одлука беше објавена во Годишната програма за култура за 2012 година.
Проектот на Општина Кочани може да се квалификува како квалитетен и исполнет со разновидни содржини од сите дејности на културата. Во рамки на манифестацијата, анимирани се сите установи и здруженија на територијата на општина Кочани, почнувајќи од Центарот за култура „Бели Мугри“, Библиотеката „Искра“, здружението на граѓани „Мактеон“и други. Во програмата се вклучени и сите постоечки фестивали и манифестации кои ќе бидат реализирани под белегот „ Град на култура 2012 година“. Предвидени се музички манифестации од сите жанрови, саеми на книга, детски драмски фестивали, поетски фестивал, изложби и новогодишни концерти.
Во манифестацијата ќе бидат вклучени и околните општини Облешево, Зрновци, Македонска Каменица и Виница, што отсликува една висока општествена и културна одговорност на поразвиените и поголеми општини за културно раслојување, овозможувајќи им при тоа на своите сограѓани достапност до сите културни добра. Овој конципиран проект овозможува одржливост и континуитет во културната политика на Кочани.
На конкурсот можеа да учествуваат сите општини во Република Македонија. Тие имаа обврска да достават програма со препознатлива културна традиција, како и презентација на актуелните културни вредности. Истата требаше да содржи очекувани ефекти и цел, како и наведени просторни капацитети во кои може да се реализира манифестацијата „Град на културата во 2012 година“. Дисперзија и развивање на културата, како и достапност на културните содржини што ги финансира Министерството за култура сите граѓани на Република Македонија, се осовните идеи и цели поради кои се организира оваа традиционална манифестација.
Досега домаќини на ова случување, кое придонесува за создавање рамномерен културен развој и достапност на граѓаните до културните вредности и нивно масовно користење, беа Радовиш, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Велес, Кавадарци и Гевгелија.
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.