Знаеме дека сте презаситени oд романтични филмови, акции, научна фантастика и сакате да погледнете нешто кој ќе биде соодветно за да го погледнете со вашето семејство, а притоа филмот да биде квалитетен, со добра порака и длабока приказна.
Hachi: A Dog’s Tale е филм базиран на вистинска приказна која до ден денес продолжува да живее , а главниот лик е едно куче кој е светски симбол за лојалност, верност, пожртвуваност…
Приказната започнува на една железничка станица. Кога едно кученце ќе падне од багажот кој ќе пристигне дури од Јапонија, а професорот Parker Wilson ќе го најде истата ноќ и тука започнува една длабока врска помеѓу малото кученце Хачи, од јапонската раса Акита и професорот.
Хачи ќе порасне во прекрасно куче кој ќе живее, дише и постои за неговиот сопственик. Хачи секое утро ќе го испраќа својот сопственик на работа на железничката станица и ќе го пречекува…се додека едно утре Хачи ќе има силно претчувство дека неговиот сопственик не треба да оди на работа ќе го спречува но професорот ќе замине за последен пат на работа , а Хачи? Хачи ке продолжи да чека на железничката станица цели девет години….
Топло ви го препорачуваме овој фамилијарен филм кој ќе допре и до нај не чувствителните и оние кои не ги обожаваат животните…овој филм нема да ве остави рамнодушни!
{youtube}rUNQjYe870A{/youtube}
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.