Реклама
Култура[тор]

Филмот за последните денови на Kurt Cobain…

Реклама

Откако го сними „Слон“, филм за покољот во Columbine, кој всушност и не е филм за масакрот во Columbine, а богами не е нити за љубовните маки на Каролина Гочева.

Маркетинг

Иконата на американскиот независен филм, Gus Van Sant, се врати на големото платно со филмот за последните денови на Kurt Cobain, кој всушност и не е филм за последните денови на таткото на гранџ рокот и адолесцентската депресија кај авангардните тинејџери. Добро сега, ние навистина ги сакаме филмовите на Gus (кој со здрав памет може да каже нешто за “Drugstore Cowboy” или “Elephant” ), но она што и не е баш на најсјајно, не е!  Но, во секој случај сé му е подобро од неговата верзија на “Psycho”, кога буквално ги имаше прекопирано кадрите на Hitchcock.

alt

Маркетинг

На овој начин, младите и стари гранџери ќе можат да дознаат што Kurt; односно во овој случај Blake, готвел, јадел, мислел, уживал во последните 48 часови од животот. До ден денес, г-ца Љубов се уште нема јасно кажано што мисли, па така и ние бидејќи текстов го пишуваме во период на полна месечина (кога ги губиме ESP моќите) не можеме да ви кажеме ништо околу тоа.

А да, инаку филмот се вика “Last Dayz” и не ви препорачуваме да го гледате со премногу ТХЦ во организмот. Инаку стварно е добар….

{youtube}HFWnZW3esb8{/youtube}

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button