„Јас сум Jim Cameron и сфатив дека истражувањето на морето е многу поинтересно од Hollywood-ските експлозии“, кажува авторот на најгледаниот филм во историјата на седмата уметност, “Titanic”, на самиот почеток на својот документарец за подводниот живот.
Ако се земе во предвид дека филмот е од 2005 г., а еве пред две години тој пак се врати на она што најдобро го знае, со “Avatar”, очигледно е дека тоа биле години кога Cameron имал скроз полудено. Нешто што и претходно се насетуваше, бидејќи помеѓу тричасовната мелодрама за смрзнатата романса и овој за елиените, беа поминале 8 години како не беше снимил ништо, освен еден документарец за кршот на споменатиот брод (очигледно 3 ипол часа не му биле доволни да ја раскаже приказната).
Нажалост Jim не е Steve Zissou, нити пак Jacques Cousteau, па неговите ’ломотења‘ за медузите и рибетините се сведуваат на: „Woow, it’s amazing! Beautiful! Look at this guy! Unbelieavable...“ Иако се надевавме, сепак до самиот крај на филмот не се појавија ’Летачките пирани 2‘, па сега после неколку години можеме на вујко Jim да му порачаме само едно нешто: Доколку нема друга идеја како онаа од “Abyss”, повеќе нека не оди под површината и нека продолжи да ги истражува ’другите‘ планети!
{youtube}PsS5IzcNnL8{/youtube}
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.