„Секоја минута филмот мора да има четири идеи“, свовремено беше изјавил легендарниот new waver на францускиот филм, Francois Truffaut.
Во таа изјава секако дека има помалку цициња од онаа на неговиот колега Jean Luc Godard, кој на истата тема кажа: „Сé што е потребно за филм се девојка и пиштол“. Филмот од 2004-та на Arnaud Desplechin, францускиот art режисер, чии филмови секогаш траат повеќе од два часа, се води од максимата на Truffaut. Значи, 150 минути од „Кралевите..“, помножено со 4, се шестотини идеи, па вие сега размислете дали можете да го издржите тој интензитет.
Ова ви го напоменувам не со цел да ве заплашам или да ви се правам многу паметен, туку едноставно кога ќе се одлучите да го гледате филмот, претходно размислете дали во вашето чувство за естетика (доколку воопшто постои) се имат створено доволно ’филтри‘ низ кои може да помине филм кој што е уметничко дело, а не пастеризирана лимонада од Hollywood. Горко – слатката приказна за стабилна жена со сите причини за нестабилност и лудиот и несреќен човек кој што пак нема никаква причина за таква состојба, не е лесно сварлива. Но доколку и дадете шанса, ќе ве зграпчи како гладна богомолка.
{youtube}gTPv5RbANGM{/youtube}
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.