Сонувате за филм кој започнува со сцена во која Neve Campbell маструрбира под туш? “When Will I Be Loved” е тука….
Дури и подобро упатените познавачи на филмот кај нас при споменувањето на James Toback зачудено зјапаат во празно. Од друга страна, старите американски критичари како Roger Ebert, David Thompson и Peter Biskind ќе речат дека Toback по сопствен избор нема станато нов Scorsese или Altman.
Откако завршил два факса, Toback во 1978г. дебитираше со правењето филмови со “Fingers” (пред некоја година можевме да го видиме одличниот француски римејк под насолвот „Отчукувањата кои моето срце ги прескокна“), а поради својата бескомпромисност досега има успеано да реализира само 9 филма. Откако со закаснување го изгледавме “When Will I Be Loved”, ни стана јасно и зошто….
Во приказната за сексуално – авантуристички настроената Вера ( шокантно добра Neve Campbell) и нејзиниот дечко, ’’муваторот‘ Ford, кој ја продава за една ноќ на стариот и богат гроф Lupo, сé е повеќе полно со виталност отколку повеќето Hollywood-ски драми/комедии/whatever. Луѓето зборуваат како луѓе, а не како ликови од реклами, а ситуациите се набиени со секс, интелект и хумор, невиден уште од пропаѓањето на американскиот indie филм од крајот на 90-тите. Оние кои го мразат Toback уште тогаш (филмот излезе во 2004г.) кажаа дека „Кој Ќе ме Сака“ делува како „Непристоен Предлог“ (сите го имате гледано – W. Harelson ја продава вереницата D. Moore на милионерот R. Retford за милионче), само во режија на W. Allen. Ние се надеваме дека вашиот ум не е комплетно затровен со филмски стереотип и дека чувството за естетика не ви било apriori уништено – и ако тоа е случај, тогаш сигурно ќе уживате во филмов!
{youtube}V2hnk_yqo10{/youtube}
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.