Веќе на сите ни е преку мандало кога станува збор за скандалот околу Калиопи и Бекстејџ. Прво, затоа што Калиопи е убедливо една од ретките ѕвезди кај нас што од Х причини заслужува да настапи на Евровизија, второ Бекстејџ е лоша варијанта на хрватскиот Ред карпет и уште полоша варијанта на нешто што треба да го представува македонскиот џет сет. Евровизија пак е нешто за што веќе одамна сите зрели музички индустрии во Европа не ставаат ниту рецка, туку на тоа шоу повеќе гледаат како на некое си глам-геолошко-музичко-политички марифетлак: „Ајде да се испробаме, ама преку песна“, нешто како во цртаниот Happy Feet, додека онаму каде што никој не гледа, навистина чекорат голи и боси нозе.
Да, да.. Треба да победи песна за која што сепак во позадина ќе биде една национална кауза од типот на „кој кого и колку љуби“ и за „когом главу губи“ – поради начинот на гласање, секако, а не песна која што во себе ги содржи вистинските вредности и квалитети. И што е најсмешно, токму тука, околу изборот и гласањето за песната, но во наши, македонски – што ќе решеш патриотски, рамки, и се судрија нашите два табора, т.е. двете спротивставени страни и им се спрепелкаа копјата. Оние на Калиопи и оние на Бекстејџ. А токму така, како „препелици на препеченица“ ќе звучат тие на суд, доколку дојде до таква разрешница или пак ќе ги закопаат воинствените секирки, некаде, во некаја биртија и ќе се залее со по некое скопско веќе стоплено од муабетот околу новиот дил во македонскиот шоубизнис! Но, проблемот е во тоа што сега зад сцена, од оваа страна на малите екраните, се сомневам дека некој воопшто и ќе навива. И повторно онаа на Дуковски: Нешто што некаде е инцидент, кај нас е систем!
Епа ајде Калиопи среќно, ти држиме стегнати палци,
до толку што ќе речеш нема шанси да пишеме СМС! Пахх!
{youtube}yshcDwe8hjc{/youtube}
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.