Реклама
Култура[тор]

Поука од концертот на Tuxedomoon: купете карти на време!

Реклама

„Aко некој случајно ме праша како поминав на концерт на Тuxedomoon јас само ќе му речам дека заспав!“

Да, заспав, но не затоа што Тuxedomoon беа досадни, (скраја да е, пу јзк!) туку затоа што 2 саата пред концертот поминав дремејќи пред врата, без карта, во исчекување дека од некаде ќе се појават вишок карти, нешто за кои што дечките од врата тврдеа дека е многу тешко да се деси, и една глупава, самокритичка емоција во стилот:

Маркетинг

„Па зарем мораше ова бш на мене да ми се деси! Да не си купам карта на време! И тоа токму сега, кога култните Tuxedomoon се тука на мојот праг, а јас нема да можа да ги пречекам со моето увце и да ги удостојам со аплауз… под итно ми треба пиштол да се самоубијам! Еј, девојко, носиш ли пиштоол!?“

Следуваа обиди да се протнам, да подмитам (повторно истите дечки од врата, со зборовите : NO CHANCE!), потоа обиди од типот на Илиевски и неговиот цимер кога се обраќаа до дедо Боже… но времето си минуваше, луѓето кои на време си ги купиле билетите си влегуваа, а јас и уште еден пријател дремевме пред врата како покиснати мисири!

Маркетинг

И тогаш некој горе (во МКЦ или уште погоре) како да ги слушна нашите молби и еден дечко со брада (најверојатно пратен исто така од горе!) ни кажа дека е голема веројатноста да има уште некои 100-на билети! Значи не бевме само ние двајца, не имаше многу повеќе – си реков и продолживме се „дремењето“ пред врата.. 

Пооопосле, некаде околу 23 и 40!

Откако влегов, дрмнав едно Скопско да се смирам, и правец во „широооките“ стлчиња во салата… се наместив и кога почна музиката… ах, морав да потонам две-три минути во тој спокој и да и го дадам на напатената душичка тој мелем! Пссст, пссст, тишина, музиката почна, реа од парфеми, капаците паднаа, зурлите трештеа, дечките играа еден мал садо-мазо ритуал на своите музички инструменти…

Наравоучение!

Tuxedoomoon закон сте, а јас, од сега, па натака,
за сите концерти ќе си набавувам билети на време!

{youtube}Lh-U0z0vYaw{/youtube}

alt

За останатите текстови, кликни тука!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button