„Во Битола, на 26 август, на јубилејното издание на интернационалниот младински арт фестивал „Битола отворен град 2011“ ќе гостуваат бендовите Дубиоза Колектив и С.А.Р.С.“
Концертот ќе се одржи под отворено небо на Олимпискиот базен во клубот Позитив. На концертот Дубиоза Колектив ќе го промовираат својот нов албум „5 до 12“, додека С.А.Р.С. ќе го промовираат албумот „Перспектива“ кој беше објавен на страната на МТВ како прв бесплатен албум за симнување од овие простори.
Инаку овие два бенда се едни од најуспешните што егзистираат на овие простори, а интересен е и податокот дека хитот на Дубиоза Колектив Балкан Фанк – инспириран од песната на Фетбој Слим – Фанк Соул Брадар – е пуштан токму од страна на овој мега популарен музичар на неговиот диџеј сет во Јапонија.
Балкан фанк
{youtube}IhGGzFWEuBo{/youtube}
Буџав лебац
{youtube}10TfxcE1K4I{/youtube}
За останати текстови, кликни тука!