„Верувале или не, ова се всушност слики, цртани и сенчени со молив.“
Толку многу напор и внимание со концентрација е посветено на овие цртежи, што на прва, човек дури да не поверува дека не станува збор за фотографии. На моменти можеби ќе ви изгледаат и префорсирано детални, но сепак нема да ве остават рамнодушен.
Ги прави малку познат уметник, кој оди во јавност под псевдонимот Yozy, со седиште во New York. Овие фотографии се дел од неговата прва самостојна изложба галерија на Manhattan. Човекот зема инспирација од секој и сешто, најважно нешто како што вели самиот е да се инспирира да почне да го црта објектот, субјектот или идејата од која е инспириран. Некои се вртежи на познати фаци, други луѓе во соодветна и карактеристична положба или пак индикативни сексуални моменти на скриени желби и влажни фантазии. Накратко, неговите слики се од сосема различен карактер, но во секој случај погледнете ја оваа внимателност и совршеност во правењето на деталите.
Погледнете ги и другите содржини од рубриката ARTE.