„ Во понеделникот, членовите од публиката на Newport Rock Festival беа навредени од настапот на Bob Dylan. “
Тој исполнил големи класични хитови како “Like A Rolling Stone” и “Maggie’s Farm” со електронски сет, составен од атонални зуења, хиперактивни битови и повторувачки механизирани стихови “Dance to the club life!“
„Ние дојдовме овде да го видиме автентичниот Дилан, оној со Stratocaster-от и препознатлив, див blues-rock бенд позади него! “ – изјавува член од публиката, Robert Hochschild. „И тогаш тој се појавува на сцена со надуени слушалки, некакви грамафони и laptop? Типов е Јуда, предавник! “
Кога подоцна Dylan бил прашан од репортери околу неговата музичка трансформација, тој одговорил дека нема што да каже за битовите кои ги програмира. Едноставно го правел тоа…
За останати текстови, кликни тука!