Реклама
Култура[тор]

25-от Час ( ’ 03)

Реклама

Сценарио: David Benioff
Режија: Spike Lee
Улоги: Edward Norton, Philip Seymor Hoffman, Barry Pepper, Rosario Dawson, Brian Cox, Anna Raqiun

Маркетинг

Релативно мал е  бројот на американски режисери кои можат да си го придодадат епитетот – автор: Oliver Stone, Martin Scorsese, Steven Soderbergh….и секако Spike Lee. Неговите филмови секогаш го свртуваат вниманието на себе, без разлика дали ќе ја промаши темата (“Girl 6”; “Crooklyn”) или ќе ја погоди (“Do The Right Thing’; “Jungle Fever”). Темата на „25-от Час“ можеби не е некоја многу интригантна, но начинот на кој е раскажана и портретирањето на ликовите, го прави филмот една моќна драма која допира во сржта на размислувањето на гледачите.

Дејствието на филмот се случува во New York, во периодот после нападот на 11 Септември, во кој траумите кај луѓето се и повеќе од јасни, отсјајот на кулите близначки се познава на ноќното небо,  карактерите дискутираат за своите исчезнати пријатели додека го набљудуваат Ground Zero. Во целава оваа ситуација се наоѓа осудениот дилер на дрога Monty (Edward Norton) кој има уште 24 часа слобода, пред да оди на отслужување  на 7 годишна затворска казна. Покрај објективниот факт што ќе го нема со години, најмногу е загрижен и исплашен што неговиот изглед на pretty boy ќе направи домино ефект, претворајќи ја вообичаената казна и во дополнителна сексуална голгота, во која сигурно нема да помине добро. Дилемата која го мачи е дали да избега некаде во неврат, но и дали животот во бегство е воопшто некаков живот?

Маркетинг

alt

И каква би била поентата ако никогаш веќе не се прошета по улиците на New York, не ја види својата девојка или неговите другари. И покрај овие неразрешени дилеми, тој решава да направи farewell журка со своите најблиски, па после тоа да се оддаде на струјата да го носи.

alt

Ова е приказна за моралните одлуки и искупувањето, кој во рацете на помалку талентиран режисер би личела на тешко ѓубре, но Spike Lee сето тоа на крајно луциден и креативен начин ни го претвора во силна емоционална двочасовна драма. Преку сценариото на David Benioff (напишано според неговата новела), Lee креира реално уверливи ликови. Исто интересни, како и Monty, се и неговите другари Jacob Elinsky и Frank Slaughtery и девојка му Naturelle. Jacob е еден емоционално недозреан учител во средна школа, кој се вљубува во своја ученичка, а Frank е Wall Street шизик, кој во намерата да се отргне од своето минато и судбината на секојдневен Ирец кој би работел посрана работа за да го издржува своето семејство, забегал далеку во спротивната крајност, заборавајќи ги своите корени и вистински карактер. Неговата девојка Naturelle (Rosario Dawson) е во комплексна и емотивна и етичка положба, бидејќи го губи човекот кој вистински го сака, а истовремено е свесна дека во целиот изминат период живеела паразитски живот со него, страсно и расипнички голтајќи ги плодовите од неговото богатство, стекнато на сметка на туѓа мизерија.

alt

Последните 10 – на минути од филмот запловуваат во Spielberg – ски сентиментални води, прикажувајќи ги можностите за еден обичен, но исполнет и среќен живот, поткрепен од семејството. Но тоа не е финалниот исход, туку една можност која режисерот ни ја остава. Дали е стварно така или пак Spike Lee не е сигурен како да го заврши филмот (што честопати му се случувало), оценете сами. Но ова е во секој случај можеби најзрелиот филм кој S. Lee до сега го има направено.   

{youtube}z-WuU7w3FCk{/youtube}

altЗа останати текстови, кликни тука!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button