„Живеел во сопствен невин свет, постигнал неверојатни резултати преку сублимирање на придобивките на сите уметнички периоди, тежнеејќи кон есенцијата која единствено можеме да ја пронајдеме во нашата фантазија. “
Jacek Yerka е роден 1952 год. во Toruń, Poland, каде и студира ликовна уметност и графички дизајн, пред да стане уметник со полно работно време, во 1980.
Според Yerka, тој бил под притисок на универзитетските професори, кои му сугерирале да ги одбегнува деталите и реализмот кои ја карактеризираат современата уметност. Но тој не попушта да ја почитува прецизната класична фламанска техника која и до ден денешен носи белег во неговата работа. Пасторалната атмосфера на полската селска идила дава компактно влијание на неговата работа. Сепак, неговите евокативни, предизвикувачки соништа се оние кои ја оцртуваат комплексноста, честопати таинствената имагинативност на неговите дела.
Потребна е само искра на имагинација за да се осветли површината на Јеркините платна, па да се почувствува восхит, да се согледа резонансата со мајсторските сликари од 15-ти и 16-ти век, клучните фактори во развојот на овој надреалист Cagliostro. Hieronymus Bosch, Pieter Bruegel, Hugo van der Goes и Jan van Eyck се оние кои ги извршиле првите моќни влијанија, на што денес се восхитуваат sci-fi ентузијастите. Го инспирирал Harlon Ellison, писател на фантастична литература, да напише збирка 30 раскази, која е насловена “Mind Fields” (Умствени сфери).
Во 1995 год се здобива со престижната World Fantasy Аward за најдобар уметник. Изложувал во Полска и надвор од неа – Германија, Франција и САД – и станал почитуван и прочуен ликовен уметник, претставник на Science Fiction артистичкиот тек.
Знаејќи го законот на природата, како секое напредно битие на планетава е негирано и отфрлано поради своите напредни сфаќања, ставови и визии, случајот за Jacek Yerka нека ви биде пример за тоа дека луѓето не треба да ги деградираат оние кои разумно и рационално ги расудуваат своите постапки и ставови. Затоа разгледајте ја оваа мала, но внимателно одбрана галерија на негови дека која ние ја припремивме за вас и донесете свој суд за неговата работа.
За останати текстови, кликни тука!