„Оваа направа на Akko Goldenbeld, наречен Stadsmuziek претставува еден вид огромна музичка кутија.“
Имено, цилиндричната површина на оваа грамадна музичка инсталација инспирирана и конструирана на принцип на традиционална музичка кутија, поседува минијатурен 3D релјеф на градот Eindhoven во Холандија.
“City Music” (на англиски), во механизмот вклучува пијано (пијанино) за репридуцирање на музиката по патернот по кој е конструиран Stadsmuziek. Музиката професионално гледано претставува модерна полифонија (poly – многу, phonia– гласови, многугласје), поточно истовремено звучење на повеќе незавсни мелодии кои се вклопуваат во една целина. Идејата на авторот, како што кажува самиот, била да го прикаже неговото истражување на интелигентната инфраструктура на градот која дури и музички претставува совршено созвучје при ваква конструкција. Погледнете гo овa видео за да добиете целосна слика за што станува збор – добар визуелен приказ на самата конструкција, и тонската слика, која е првична цел.
{youtube}XdE_L-cOwM0{/youtube}