Реклама
Коса

Убава долга коса

Реклама

„Долгата коса секогаш дава атрактивен и убав изглед. Долгата коса овозможува најголем избор на фризури за специјални пригоди, како на пример венчавки.“

Маркетинг

Долгата коса можеби изгледа помалку досадно, но само ако постојано ја врзувате во коњско опавче. Инаку, таа нуди можности за различни фризури, во зависност од вашата креативност, и секако, креативноста на вашиот фризер. Доколку имате права коса можете да пробате да ја носите виткана. Спиралните кадрици што висат околу вашето лице се многу атрактивна фризура за долга коса и коса со средна должина. Секако, важи и обратното – доколку вашата коса е природно кадрава можете да пробате да ја исправите за промена. Доколку имате многу густа и права коса, долгата коса е вистинскиот избор за вас бидејќи самата коса тежи надолу и може лесно да се стави под контрола.

Варијациите за долгата коса се безбројни!

Маркетинг

alt

Долгата коса може да се носи права или кадрава, исечена во еднаква должина или на степени, со шишки или без … варијациите се безбројни. Секако и изборот на соодветна боја, прамените во различни нијанси или шатирањето значително ги збогатуваат можностите за избор на фризури и внесување промени кај долгата коса.

При изборот на соодветна фризура за долга коса, треба секогаш да имаме на ум дека фризурата треба да се прилагоди на лицето. Долгата коса одлично прилега на неколку облици на лица, но најдобро на девојките со овални лица. За девојките со округли лица се препорачува поголема должина на косата за да може визуелно да се издолжи лицето и да изгледа повеќе овално одошто округло така што би им прилегала долга права коса. За округлите лица препорачливо е долгата коса да се исече на степени што ќе овозможи да се „изгуби“ округлиот изглед и лицето ќе изгледа прекрасно. Оние девојки кои имаат квадратни лица, лица во облик на срце или круша, можат да носат долга коса, но долгата и права коса не е најсоодветниот избор. На овие лица и степенестата долга коса нема да изгледа толку убаво како кај оние со овални и округли лица – патецот на страна или уште порадикално, патец во форма на цик-цак, може драматично да го промени изгледот на подобро.

alt

Долгата коса може да се прилагоди на желбите на која било девојка!

Долгата коса исечена на степени претставува идеална фризура за многу дами бидејќи фризурата лесно се обликува и изгледа убаво во секоја прилика. Косата исто така може да се исече рамно или полукружно и да се прилагоди на желбите на која било девојка. Долгата коса можете да ја носите различно секој ден, едноставно пуштена, или незадолжително подигната, со неколку прамени пуштени од страна за поатрактивен изглед, додека пунџите се одличен избор за формални пригоди. Најдобар извор на идеи за фризури за долга коса се холивудските ѕвезди. Тие постојано експериментираат со својот изглед а најчесто имаат долги коси, со различна должина.

alt

Внимавајте постојано на вашата долга коса!

Долгата коса е многу тешка за негување и затоа треба постојано да внимавате правилно да ја миете ставајќи шампон и регенератор по целата должина од коренот до врвот на влакното за да избегнете појава на расцветани врвови кои го нарушуваат убавиот изглед на долгата коса. Треба да се користат соодветни средства за нега на долгата коса, и секако, редовно да се кратат врвовите за косата да изгледа здраво и негувано.

 

 

 НОВИ ПРАВИЛА ЗА НАГРАДАТА!  

 

Еднаш месечно, фризерското студио на академија Авангарде ќе додели на една наша читателка БОЈАДИСУВАЊЕ НА КОСАТА СО БОЈА НА ПРИРОДНА БАЗА КОЈА ЈА ХРАНИ КОСАТА И И ДАВА ПРИРОДЕН СЈАЈ. Настанот ќе биде проследен со репортажа и фотографирање, а материјалот ќе биде објавен на нашиот портал. (Ова е само во случај доколку среќната добитничка се согласува на тоа!)

Како што објавивме претходно наградата за месец март ја доби Јована Филиповиќ од Куманово. На сликите се гледа како изгледаше таа по бојадисувањето на нејзината коса!

Наградната игра продолжува и понатаму, со мали промени во правилата.

Секој понеделник објавуваме информации поврзани со негата на коса. Сите заинтересирани читателки што ќе ги поканат своите FB пријатели чиишто имиња или презимиња започнуваат со буквата А (кликнете на share, а потоа на „испрати како порака“, изберете ги сите пријатели на А и поканете ги истите да ни се придружат) и ќе испратат своја слика на адреса info@stipka.com.mk со наслов Мој Фризер, влегуваат во потесниот круг за избор за месечната наградна игра. (Значи избраната девојка треба да има што е можно повеќе заеднички пријатели со Штипка!)

Девојките кои веќе имаат испратено свои слики учествуваат и во понатамошните кругови на наградната игра, со тоа што треба и понатаму да ги следат правилата и да ги поканат своите пријатели на А да ни се придружат …

Овој награден круг трае до 25.04.2011 година.

 

 

alt

altОтвори Тефтер, види нешто интересно!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button