„Минатата недела на официјалниот сајт на Bad Religion се појави веста дека и Exit е една од дестинациите на нивната европаска турнеа.“
Ова ќе биде нивно прво гостување на овие простори. Нивните обожаватели во регионот ја очекуваа нашата потврда за нивниот настап. Не ни преостанува ништо друго, потврдуваме и официјално: Bad Religion доаѓаат на Exit.
Калифорнискиот панк-рок бенд, формиран уште далечната 1979. година и со кариера која трае 30 години и 15 студиски албуми зад себе, помеѓу кои How Could Hell Be Any Worse?, Suffer, Recipe for Hate, Stranger Than Fiction i Process of Belief, како и последниот издаден во септември минатата година The Dissent of Man, за првпат доаѓаат на овие простори. Прославувајќи ги трите децении на провокативниот звук и доминантното присуство на сцената, Bad Religion, по сопственото признание, и денес ги помрднуваат границите на жанрот на ист начин како што тоа го правеа на самиот почеток. Оригиналните членови на бендот и текстописци, Greg Grafin и Bret Gurevic, тврдат дека песните од новиот албум се нивните најомилени и најзрели во целата нивна кариера и дека албумот е пресек на личните искуства и достојно созравање како бенд.
“Инсистиравме на класичниот Bad Religion звук, не одалечувајќи се од она на што се бевме навикнале”, тврди Gurevic, ”додека на новиот албум направивме нешто што го сакавме со години – истражувавме со нештата кои со години влијаеле на нас”.
Бунтот на панк ветераните против стегите на конзервативното општество, изразен во симболот на пречкртаниот крст, интелектуалните текстови и спротивставувањето на политичките и религиозните институции, како и повикувањето на социјална одговорност, станаа нивен препознатлив печат. Се чини дека токму таа нивна поетика на овие простори секогаш вознемирувачки се препознава.
info@password.mk телефон: + 389 2 2775 430
{youtube}3Oe_Rxt9wB0{/youtube}