Реклама
Култура[тор]

Kultur Shock се враќаат во Скопје со Ministry Of Kultur

Реклама

„Концертната публика има уште една можност да го ужива етно-панк рок чудото од Сиетл. Американската група Kultur Shock, во рамките на промоцијата на новиот албум Ministry Of Kultur, ќе настапи и во Скопје, во петок (8ми април) во клубот Хавана, во 21 часот.“

Kultur Shock се формирани во Сиетл во 1996та година, од страна на Срѓан Јевѓевиќ, некогашната сараевска  ѕвезда од познатите Џино Банана. Експериментирајќи со рок, панк, метал, мелодии и ритмови инспирирани од Балканот, бендот еволуира во моќен секстет кој не припаѓа во ниту еден  жанровски калап и има неспоредливо иновативен звук . Тие се единствена музичка и сценска појава со одлични и неспредвидливи  концертни настапи кои ja разбиваат стерилнoста во музичкиот свет, во што се увери и македонската публика на настапите на Таксират 8 и Таксират 11.

Маркетинг

По соработката со Bill Gould, басистот на Faith No More, зад последните два албуми на бендот, како продуцент застанува славниот гранџер Jack Endino кој ги работеше првите албуми на бендови како Soundgarden, Nirvana и Mudhoney.

Новиот албум „Ministry Of Kultur“, со многу пожесток звук од претходните, повеќе нагласени цврсти хеви влијанија и моќни гитарски рифови, веќе високо котира на светските листи. Ministry of cultur е албум кој до сега најексплицитно го покажува политичкиот напор на бендот. Како што објаснува Џино Јевѓевиќ: „Kultur Shock не пее за скршени срца и цвеќиња, туку за секојдневната егзистенција и вербата дека може да биде подобро. Или полошо. Панкот ја опишува волјата да се бориме за она во што веруваме, Балканските мелодии се гласот на народот (…), метал авантурите се наш начин за ‘rage against the machine’.“ Од 1. март албумот “Ministry Of Kultur” се најде на официјалните страници на бендот www.kuturshock.com , www.kuturshock.bandcamp.com, како и на iTunes и Amazon.com за download. После промоцијата во Сиетл и Њу Јорк, бендот со над 600 концерти досега, продолжува на нова светска турнеја во која е вклучено и Скопје, во организација на Password Production.
 
Актуелниот состав на бендот е: Gino Yevdjevich (Босна) – вокал, труба, тарабука; Paris Hurley (САД) – виолина, вокали; Guy Davis (Индонезија) – бас; Val Kiossovski (Бугарија) – гитара, вокали; Chris Stromquist (САД) – тапани; Amy Denio (САД) – кларинет, саксафон, вокали.

Маркетинг

Пред настапот на Kultur Shock во Хавана, Password Production го доделува предизвикот, за загревање на публиката, на новооткриениот all-star бенд  „Д Вајтест Џипси Оркестра Алајк“, кои се уникатна панк-реге-BalkanBeat комбинација на членови од различни скопски бендови како Canon и Fun House, и DJ-от Tomche Rootboy.

Концерт за пролетно разживување на рокенрол културата.

Цената на влезниците во претпродажба е 250 денари и 300 денари на денот на концертот. Во претпродажба влезниците може да ги набавите на www.mktickets.mk и во Југотон, Чакра, Браво, Ultra Design Shop, Круг Аеродром, Custom Pub, и Кафе Љубов.
 
Kultur Shock дискографија:
Ministry of Kultur (2011), Kultur Shock Records
Integration (2009), Kultur Shock Records
Live In Europe (2007), Kultur Shock Records
We Came To Take Your Jobs Away (2006), Koolarrow Records
Kultura-Diktatura (2004), Koolarrow Records
FUCC The INS (2001), Koolarrow Records
Live In Amerika (1999), Pacific Records

{youtube}C_g5fKr8L8w{/youtube}

alt

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button