„ Кога станува збор за фотографија, најмногу се ценети естетски префинетите и мистични дела. “
Richard Bernardin дефинитивно има оригинален стил кога зборуваме за ваков стил на фотографија. Тој го маринира секое дело на препознатлив делатен начин, со многу внимание на композицијата, аголот на фотографирање, боите, и целокупниот естетски изглед, што му дава целокупен филмски квалитет на секој шут и доза на магија.
Со седиште во Канада, Bernardin не е застапен само во Montreal, туку и во престолнини како Paris и New Your. Со оглед на импресивното портфолио, не е изненадување што има толку интернационална клиентела. Неговата работа е вклучена во светски познати магазини како Elle, Lush, Icon, R14, Vogue и Vogue Brazil.
Оваа галерија наречена Mannequin Makeout Photography, е прекрасен уметнички пакет со доза на сензуалност која плени со својата естетска вредност. Во неа може да се види начинот на кој Bernardin го извлекува најестетското од своите модели сместувајќи ги во позиции кои ги прават дополнително нежни и привлечни истовремено. Погледнете сами и уверете се.
Види ја нашата Арте рубрика!