„ Да се потсетиме на еден од најубавите и најпознатите музички фестивали на светот на кој луѓето навистина се забавуваа до бесвест! “
Woodstock е музички настан кој се има одржано на фармата на Max Yasgur, на површина од 240 хектари (2,4 km2) во руралниот град Bethel, New York, 15-18 Август, 1969. Фестивалот го презентира контракултурата на касните ’60-ти – раните ’70-ти и „Hippie“ ерата.
32 најпознати музичари од тоа време настапиле за време на дождливиот викенд на кој присуствувале над половина милион луѓе. Меѓу најистакнатите беа: Тhe Who, Jefferson Airplane, Janice Joplin, Joan Baez, Jimmy Hendrix, Grateful Dead, Ravi Shankar, Carlos Santana и други. Овој фестивал е широко признаен како еден од најважните моменти во историјата на популарната музика, а магазинот Rolling Stone’s го прогласи за еден од 50 настани кои ја смениле историјата на Rock & Roll-от.
Покрај крајно квалитетната музика и настапи во живо на музичарите, овој настан беше запаметен и по лудите моменти на провод на неговите посетители, што меѓу другото претставуваше и белег за бунтовништвото против тогашната општествена декаденција и запечатување на индивидуалната слобода кај луѓето. Ние избравме некои фотографии од тоа време, од тие моменти, за да ве потсетиме како луѓето се забавуваа тогаш – а можеби и скриено да ви повлијаеме да го разбудите слободниот и бунтовнички карактер кај вас самите, во овие моменти кога нашето општество се соочува со невидена тортура на слободоумноста и слободата.